Свет
Ајман ал-Завахири нов лидер на Ал Каеда
Меѓународната терористичка организација Ал Каеда го назначи својот нов лидер, Ајман ал-Завахри (проширено)
„Командата на Ал Каеда“, по направетните консултации го објавува назначувањето на шеик Ајман ал-Завахири, за прв човек на организацијата“, стои во соопштението објавено на еден од екстремистичките портали цитирано од AFP.Претходно повеќето аналитичари и познавачи на состојбите во глобалната терористичка мрежа сметаа дека ал-Завахири, „човекот број два“ во Ал Каеда до ликвидацијата на 2-ри мај во пакистанскиот град Аботабад на челнико Осама бин Ладен, е логичниот наследник за шеф на организацијата. Сепак, привремен „вршител на должноста“ стана водачот на оперативците на Ал Каеда, Египќанецот, Сеиф ал-Адел. Според некои медиуми од Блискиот исток, ал-Завахири се сретнал со лидерите на опозицијата од некои организации кои сакаа раководството со мрежата да мине во рацете на помладата генерација. Лекар по професија, ал-Завахри, кој во 19 јуни ќе наполни 60 години, е основачот на „Египетскиот исламски џихад“ (Egyptian Islamic Jihad, EIJ). Вашингтон го обвинува за убиство американските државјани надвор од нивната земја, заговор за убиство на американски државјани, напади врз американските владини агенции во кои има жртви.Ал-Завахири се бара со потерница од 7 август 1998 година во врска со учество во бомбашките напади врз американските амбасади во Дар ес Салам (Танзанија) и Најроби (Кенија), во кои загинаа над 240 луѓе. За информации кои ќе придонесат за апсење на ал-Завахири, ФБИ нуди награда од 25 милиони долари.. По ликвидацијата на Осма бин Ладен, по автоматизам Ајман ал-Завахири станува во моментот најбараниот терорист во светот.Ал-Завахири речиси десет години се крие, по атентатите од 11-ти септември 2001 година во САД . Неговата сопруг, синот и двете ќерки се убиени во американските напади на авганистанската провинција Кандахар во 2001 година. Оттогаш, препознатливиот по долгата брада и со големи очила и „џумката“ на челото Завахири редовно се појавува со аудио и видео пораки преку исламистичките интернет страници повикувајќи на војна против Западот. Роден е на 19-ти јуни 1951 година ви гратчето Маада, близу Каиро во добростоечко семејство. Неговиот татко бил реномиран лекар а неговиот дедо е познат египетски исламски теолог. Ајман ал-Завахири по професија е хирург. Неговите пријатели го опишуваат како „поет“. Секако, неговите убедувања се она што предизвикува големо внимание на светската јавност. Имено тој уште на 15-годишна возраст се приклучил на организацијата Муслимански браќа во Египет. Поради учеството во атентатот врз египетскиот претседател Анвар ел-Садат во 1980 година минал три години во затор а потоа живеел во Саудиска Арабија, САД и на крајот во Пакистан. Ајман ал-Завахири во текот на „џихадот“ против силите на поранешниот СССР во Авганистан го запознал Осама бин Ладен. Оттогаш нивните судбини се поврзани. Иако ал-Завахири и’ припаѓаше на групата на египетскиот исламски џихад која во Ал Каеда се приклучи дури во 1998 година.Ал-Завахири беше вклучен во многуте светски судири, како на пример во Чеченија, потоа се најде на „црната листа“ на САД затоа што ги поддржуваше нападите на амбасадите на САД во Кенија и Танзанија во 1998 година. Во неговата татковина во отсуство е осуден на смрт пораду учества во многу атентати, особено во оној во градот Луксор во кој во 1997 година загинаа 62 лица, од кои 58 беа странски туристи. Стана десна рака на Осама бин Ладен и негов личен лекар. Го сметаат дека е „мозокот“ на терористичките напади на САД од 11-ти септември 2001 години, и е ставен на второто место на најбараните терористи на светот. „Ајман ал-Завахири е мозокот н аОСама бин Ладен“, оценува египетскито адвокат Мунтасаер ал-Зајад кој добро го познава ал–Завахири.Повеќепати светските медиуми објавуваа вести дека ал-Завахири е убиени, но секогаш тој одново се појавуваше и жестоко ја критикуваше американската политика. Според податоците добиени од неговите пријатели, Ајман ал-Завахири наводно повторно се оженил и во 2005 година добил ќерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос

