Свет
Кина го забрани Тибет за странците
Кина во четвртокот го забрани патувањето на странски државјани во Тибет, пред одбележувањето на 90-годишнината од основањето на кинеската комунистичка партија на 1-ви јули, рекле за Reuters извори од Тибет
Кина чиешто раководство е многу чувствително на нестабилност или какви и да се други закани за нејзиниот еднопартиски систем, нема доверба во странските државјани особено од нивното присуство во етничките погранични области кои ги именува како „автономни региони“. Ваквите мерки инаку се чести кога станува збор за прославување на значајни политички годишници од нејзината историја. „Тоа е ново правило поради 90-годишнината. Странците не може да доаѓаат, дури ни со туристички групи“, изјавил за Reuters, претставник на туристичко биро од Ласа, главниот град на автономниот регион Тибет. „Моравме да ги откажеме многуте резервации, но не ги знаеме причини за воведувањето на ова правило. Веројатно тоа е поврзано со политиката“, изјавил за агенцијата туристички агент во Пекинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.