Свет
Пења Нието ја положи заклетвата за претседател на Мексико
Енрико Пења Нието во саботата попладне ја положи заклетвата за претседател на Мексико и отвори можност за искупување на неговата партија, којашто го формирала современо Мексико, доколку усна пее да стави крај на годините насилства и лоши економски резултати.
Новиот мексикански претседател, 46-годишниот Енрике Пења Нето, адвокат претставник на новата генерација на политичарите на Институционалната револуционерна партија (PRI), една од главните мексикански партии којашто ја водеше земјата повеќе од седум децении, без прекин во периодот од 1929 до 2000 годинa.
Пења Нието победи на претседателските избори на коишто се гласа само во еден круг, со 38,21 отсто од гласовите, шест проценти повеќе од неговиот левичарски конкурент Андрес Мануел Лопез Обрадор. Претседателскиот мандат е ограничен на шест години и со уставот е забранет реизбор.
Пења Нието во 1990-тите и 2000-тите извршуваше разни функции во владата на државата на Мексико, на чие чело беше во 2005 година. Како гувернер на државата, спроведуваше многу проекти поврзани со изградбата на патишта, образование и здравство.
Партијата PRI се прекинува 12-годишното владеење на конзервативната Партијата на национална акција (NAP) со претседателот Винсенте Фокс од 2000 д0 2006 фо дина и Фелипе Калдерон од 2006 до 2012 година.
Намерата на Нието е да ги искористи последните поволни трендови во мексиканската економија за да го поттикне побрз раст.
Досегашниот мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон точно на полноќ му ја предаде власта на Енрике Пења Нието на симболична церемонија во националната палата во централниот дел од Мексико Сити. Потоа попладнето во парламентот Калдерон на новиот претседател му ја предаде црвено, белата и зелена претседателската лента каде што Пења Нието и министрите од неговата влада положија заклетва.
Во текот на полагањето на претседателската заклетва пред зградата на мексиканската парламентот се собрале неколку илјади демонстрантите, главно од левичарските групации кои го поддржуваа Обрадор и се спротиставуваат на неговите планови за реформи.
Полицијата притоа употребила солзавец за да ги растера демонстрантите коишто ги растурале металните заштитни огради настојувајќи да го попречат полагање на заклетвата. На други места во престолнината, демонстрантите фрлале Молотови коктели./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

