Свет
Почнаа претседателските избори во Русија
Русите во неделата (по локално врем) почнаа да гласаат на претседателските избори на коишто фаворит е актуелниот премиер Владимир Путин кој има намера да се врати на претседателската функција со нов шестгодишен мандат,
Русите во неделата (по локално врем) почнаа да гласаат на претседателските избори на коишто фаворит е актуелниот премиер Владимир Путин кој има намера да се врати на претседателската функција со нов шестгодишен мандат, традиоционално со отворањето на избирачките места во саботата навечер на далечниот руски исток. „Избирачките места се отворени на време, сѐ тече според планот“, изјави за AFP Оксана Балинина, потпретседателка на изборната комисија за обалста Чукотка, на крајниот исток на Сибир. Веднаш по граѓаните на Чукотка, започнаа да гласаат и избирачите во Камчатка и Магаданската област. Во следните часови ќе бидат отворени и избирачките места во другите области од рускиот Далечен исток и во најодалечениот сибирски регион Забајкалскиот. Изборите ќе завршат со гласањето во руската енкалва Калининград. Граѓаните коишто на денот на гласањето ќе бидат на пат, ќе можат својот галс да го дадат на специјалните избирачки места на автобуските и железничките станици како и на аеродромите. Имајќи предвид дека територијата на Руската Федерација се протега низ девете временски зони, граѓаните на Чукотка први почнаа со гласањето на претседатеслките избори коишто ќе завршат во 17 часот по локално време во Калињинград во западниот дека од земја, односно 18 часот по средноевропско време. Инаку изборите се одвиваат од 8 до 20 часот по локално време во секоја од временските зони. На изборите ќе можат да гласаат 108 милиони избирачи со право на глас, а првите резултати ќе бидат познати околу 21 часот по средноевропско време. Првпат овие избори ќе бидат следени со веб камери коишто се монтирани по две на 90 илјади од вкупно 95-те илјади избирачки места. Едната насочена директно кон гласачката кутија, а другата ги следи случувањата од поширок агол на целото избирачко место. Со ова руските власти, и тоа по иницијатива на Путин, сакаат да се обезбеди максимална транспарентност на изборниот процес.Меѓутоа набљудувачката мисија на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБСЕ) во Русија мисли дека камерите не се гаранција, бидејќи тие не го снимаат пребројувањето на ливчињата и исписот на резултатите. За безбедноста на избирачките места и обезбедување на изборниот процес, ангажирани се повеќе од 380 илјади полицајци, од кои само во главниот град Москва – 36 илјади.На овие руски претседеателски избори учествуваат Владимир Путин предложен од владејачката партија Единствена Русија, Генадиј Зјуганов од Комунистичката партија, Сергеј Миронов од Справедлива Русија, Владимир Жириновски на Либералната партија и независниот кандидат милијардерот Михаил Прохоров, чиешто богатство е проценето на околу 16 милијарди долари. Претседател на Руската Федерација ќе стане кандидатот кој ќе освои повеќе од 50 отсто од гласовите. Доколку ниеден од кандидатите не го надмине овој лимит во првиот круг, во вториот ќе влезат двјацата кандидата коишто ќе имаат најмногу гласови. Во вториот изборен круг, победник е оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови од противкандидатот. Централната изборна комисија што ја предводи Владимир Чуров, најдоцна до 14-ти март мора да ги соопшти конечните резултати од изборите. Избраниот претседател, пак, на функцијата ќе стапи на 7-ми мај. Поранешниот претседател и актуелен премиер Владимир Путин е главниот фаворит на овие избори, а според анкетите објавени кон крајот на февруари, тој би добил околу 60 отсто од гласовите. Од друга страна опозицијата правеше сѐ за да ги мобилизира избирачите и да го оневозможи Путин да победи уште во првиот круг, кој оваа фунцкија ја извршуваше во два четиригодишни мандата од 2000 до 2008 година.Руската опозициска коалиција којашто и не е толку хомогена уште од парламентарните избори од ланскиот декември протестира за наводна изборна измама, организарајќи ги најголемите протести во Русија во последните 12 години. Таа веќе ги прогласи однапред претседателските избори за недемократски. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин
Свет
Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување
Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.
Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.
Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.
Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.
Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.
Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.
Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.
фото: принтскрин
Свет
ОН дискутираше за човековите права во САД, американските претставници не се појавија
САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во дебатата на ОН за состојбата со човековите права во својата земја, оставајќи празни места на сесијата на Работната група на Советот за човекови права на ОН во Женева денес.
САД, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, соопшти работната група, со што официјално е евидентирана „несоработката“ на Вашингтон. Одлуката нема непосредни последици, а групата ги повика САД повторно да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштението од американската мисија во Женева се вели дека ОН „се преправа дека е загрижена за човековите права“, додека им дозволува на познатите злоупотребувачи да ја користат организацијата за „да се кријат од контрола“.
Во соопштението, исто така, се обвинува ОН за „постојана пристрасност против Израел“. Од 2008 година, од сите 193 земји-членки на ОН се бара да поминат низ таканаречен Универзален периодичен преглед (УПР) на нивната состојба со човековите права приближно на секои пет години. Потоа, земјите ги презентираат своите извештаи за напредок, додека други можат да постават прашања и да дадат препораки.
фото: принтскрин

