Свет
Инспекторите на МААЕ пристигнаа во Иран
Нуклеарните инспектори на Он пристигнаа во недела во техеран, предводени од шефот на мисијата, Белгијанецот Херман Накаерц, со цел да ги решат прашањата врзани за иранската нуклеарна програма, кои Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ги нарекува „сомнителни“.
Нуклеарните инспектори на Он пристигнаа во недела во техеран, предводени од шефот на мисијата, Белгијанецот Херман Накаерц, со цел да ги решат прашањата врзани за иранската нуклеарна програма, кои Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ги нарекува „сомнителни“.
Пред да замине мисијата во Иран, Накаерц уште еднаш го повика Иран да го започне дијалогот за нуклеарната програма со меѓународната заедница.
„Нестрпливи сме да го започнеме дијалогот, кој требаше да биде покренат многу порано“, рече тој.
Накаерц, кој е начело на тим од шест инспектори, би требало во текот на тридневниот престој да разговара со повеќе високи ирански функционери. Инспекторите треба да ја посетат и постројката Фардо на југозападот на земјата, каде што се наоѓа втората фабрика за збогатување на ураниумот во Иран.
Иранскиот министер за надворешни работи, Али Акбар Салехи, соопшти дека Иран е оптимист во врска со доаѓањето на мисијата на МААЕ.
Последната посета на инспекторите доаѓа по извештајот од посетата на претходниот тим инспектори во ноември 2011 година, во кој беше речено дека „постои воена димензија“ на иранската нуклеарна програма.
Тензиите помеѓу Иран и ЕУ се засилија минатата недела, откако Брисел на Техеран му ги наметна до сега најсилните санкции, во обид да го присили на отстапки. Преземените мерки имаат директно за цел да го ослабат извозот на нафта на земјата, која е втора извозничка меѓу земјите-извознички на нафта (ОПЕК). /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.

