Спорт
Фрај МВП на 8. коло во кошаркарското првенство

Американецот од редовите на Фени Индустри, Џарид Фрај е најкорисниот играч на осмата рунда од кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Американецот од редовите на Фени Индустри, Џарид Фрај е најкорисниот играч на осмата рунда од кошаркарскиот шампионат на Македонија. Фрај во победата на Фени над Торус од 100:91 оствари 42 индексни поени, Американецот за 31:34 минути колку што помина на паркетот, постигна 21 поен со 100-процентна реализација во ударите за два поени (8/8). Погоди 5 од 11 обиди од линијата за слободни фрлања, а заврши и со шест скокови, осум асистенции и три украдени топки. Покрај за Џарид Фрај, место во најдобрата петорка на осмото коло има и за Владимир Филиповиќ од Лирија (39 МВП индекс), Кирил Николовски од Фени (37 МВП индекс), Ивица Димчевски од Торус СЦБТ (30 МВП индекс) и Александар Костоски од Куманово (21 МВП индекс).Резултати од 8. коло:Фени Индустри-Торус СЦ Борис Трајковски 100:91Работнички-Лирија 80:82Вардар-Кожув 82:59АБА Струмица-Куманово 70:69МЗТ беше слободен во ова колоТабела: Фени Индустри 14 бода, МЗТ и Торус по 13, Лирија 11, Вардар и АБА Струмица по 10, Куманово 9, Кожув 8, Работнички 7. Следното, 9. коло ќе се одигра во сабота, двојки:Куманово-ВардарКожув-РаботничкиТорус-МЗТЛирија-Фени ИндустриАБА Струмица е слободна во 9. коло. крај/basketball.org.mk/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Њукасл му одговри на Исак: Никој ништо не му ветил

Шведскиот фудбалер Александер Исак вчера за прв пат јавно проговори за својата желба да го напушти Њукасл. Исак меѓу другото напиша дека клубот го прекршил ветувањето, па доби остар одговор.
„Кога ветувањата се прекршуваат и довербата се губи, односот не може да продолжи. Цврсто верувам дека промената е во најдобар интерес на сите, не само на мене. Така стојат работите во моментов, според мене“, напиша Исак на социјалните мрежи, откако од колегите фудбалери беше избран во идеалниот тим на Премиер лигата за сезоната 2024/2025.
Њукасл веднаш потоа објави соопштение во кое го осудува потегот на Исак.
„Разочарани сме што дознавме за објавата на Александер Исак преку социјалните мрежи. Јасно велиме дека Алекс останува под договор и дека ниту еден клупски лидер никогаш не му дал ветување дека може да си замине ова лето“, се вели во соопштението на Њукасл.
Тие додадоа дека ги штитат интересите на клубот.
„Условите за неговата продажба ова лето не се исполнети и не очекуваме тоа да се промени. Алекс е дел од нашето семејство и ќе биде добредојден кога ќе им се придружи на своите соиграчи“, рекоа од „Сент Џејмс Парк“.
Њукасл одби две понуди од Ливерпул за Исак, а последната наводно изнесува 140 милиони евра.
До крајот на преодниот рок остануваат уште 11 дена.
Исак: Кога ветувањата се прекршени, врската не може да продолжи
Спорт
ФИБА ја „сопна“ БиХ – Гарза нема да патува на Евробаскетот

Кога селекторот Адис Беќирагиќ го објави проширениот список на репрезентацијата на Босна и Херцеговина за претстојното Европско првенство, на него беа двајца странци,
Хавиер Кастанеда и Лука Гарза. Босанците се надеваа дека Гарза, играч на Минесота, ќе добие дозвола за настап, но ФИБА уште еднаш потврди дека само еден странски играч може да игра за репрезентацијата.
ФИБА не дозволи Босна и Херцеговина да го регистрира Лука Гарза како домашен кошаркар, бидејќи неговиот татко е Американец, а тој е роден во САД.
Френк Гарза објави дека ќе ја тужи ФИБА за оваа одлука, откако селекторот Беќирагиќ рече дека Лука нема да биде на конечниот список и дека Кастанеда е повеќе потребен на нивната репрезентација.
„Гарза би сакал да игра без сомнение, но во нашата конфигурација ни треба плејмејкер. Особено таков што може да постигнува поени од далечина и да ни помогне во нападот. Од самиот почеток некако знаевме дека тој нема да биде таму. За секој случај, ако нешто се случи со Кастанеда, но ова е нашата прва опција“, рече селекторот на БиХ, Адис Беќирагиќ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина има доволно силна внатрешна линија со Јусуф Нуркиќ, Кенан Камењаш и Амар Алибеговиќ.
Евробаскетот ќе се одржи во четири земји: Латвија, Полска, Финска и Кипар. Репрезентацијата на Босна ќе игра во Лимасол заедно со репрезентациите на Грција, Италија, Шпанија, Грузија и домаќинот Кипар.
Турнирот започнува на 27 август и трае до 14 септември. Последниот дел од турнирот ќе се одржи во Рига.
Спорт
(Видео) Нестварен кикс и прекрасен лоб од 25 метри во ЛШ

Клуб Бриж направи џиновски чекор кон главната фаза од Лигата на шампионите. Белгискиот тим славеше синоќа со 3:1 на гостувањето кај Глазгов Ренџерс, во првиот плејоф натпревар.
Стрелци за гостите беа Ромео Вермант во 3-та, Јорне Шпилеерс во 7-та и Брендон Мехеле во 20-та минута, додека единствениот гол за домаќините го постигна Данило во 50-та минута.
Првиот гол на Бриж беше постигнат по неверојатната грешка на Насер Џига. Дефанзивецот на Ренџерс ја имаше топката близу центарот, но необјасниво му ја предаде на ривалот Вермонт. Тој го прифати подарокот и истрча со топката кон голот, а потоа со брилијантен лоб од 25 метри го совлада Џек Батланд.