Спорт
Ахтаподов и Угриновска победници на првиот сноуборд натпревар на Водно
Андреа Угриновска од Македонија во женска и Христо Ахтаподов од Бугарија во машка конкуренција се победници на првиот ревијален натпревар во сноуборд, што во неделата се одржа на падините на Водно.
Андреа Угриновска од Македонија во женска и Христо Ахтаподов од Бугарија во машка конкуренција се победници на првиот ревијален натпревар во сноуборд, што во неделата се одржа на падините на Водно.
Ревијалниот натпревар на Водно беше последната спортска активност од „СНОУБОРД-ВИКЕНДОТ“ што во саботата почна со двата натпревари во Маврово и тоа во две сноуборд дисциплини: слоупстајл и бигер.
Сноубордерите викендов се бореа за освојување на ФИС-поените. На Угриновска освоеното второ место кај жените во слоупстајл дисциплината и донесе 65 ФИС-поени, што се највеќе освоени поени за неа досега и најдобар пласман на едно вакво натпреварување.
Наградите на првиот ревијален натпревар во сноуборд на Водно ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија победи кај Шкупи, Македонија ЃП и Брегалница испаднаа од лигата
Шкендија, во Чари го доби дербиот со Шкуши и остана на челната позиција на табелата. Во последните две рунди, Шкендија и Струга влегуваат со 61 бод, три повеќе од Шкупи. На две кла до крајот на сеозната Македонија ЃП и Брегалница останаа без теоретски шанси да опстанат во лигата. Вардар до крајот ќе се бори да го избегне баражот за опстанок. Три бода од црвено-црните е оддалечен тимот на АП Брера. Работнички во вистинско време влезе во форма, има четири победи и реми во последните пет рунди и се искачи на петтото место на табелата,
Резултати 31 коло:
Работнички-Тивеш 3:1
Вардар-Македонија ЃП 1:0
Воска спорт-Силекс 2:1
Шкупи-Шкендија 0:2
Струга-Гостивар 1:0
АП Брера-Брегалница 1:1
Табела:
Спорт
(Видео) Реал гази кон титулата, Кадиз ја продолжува борбата за опстанок
Фудбалерите на Реал Мадрид славеа против Кадиз со 3:0 во натпреварот од 34.коло на Ла Лига. Првиот натпревар за Реал оваа сезона го одигра голманот Тибо Куртоа.
Реал го продолжи походот кон титулата, која математички ќе ја обезбеди во наредната рунда.
Во однос на Барселона имаат +14, барем додека Каталонците не го одиграат својот натпревар од ова коло на Џирона (18:30 часот).
По неинтересното прво полувреме во кое немаше голови, Реал лесно го реши прашањето на победникот.
Брахим Дијаз погоди во 51. минута, по асистенција на Лука Модриќ. Џуд Белингем го удвои водството во 68. минута. Три минути по влегувањето во игра ја искористи асистенцијата на Дијаз.
Конечните 3:0 ги постигна Хоселу во петтата минута од судиското надополнување.
Кадиз и натаму е во зоната за испаѓање, со 26 бода, пет помалку од Селта од Виго, која е „над линијата“.
Спорт
(Видео) Комбинираниот Баерн падна во Штутгарт, „Вестфален“ му се поклони на Марко Ројс
Попладнево се одиграа четири натпревари во рамките на 32. коло во Бундес лигата. Во дербито Штитгарт го победи Баерн Минахен, а „Вестфален“ му се поклони на Марко Ројс, во текот на натпреварот во кој Борусија Дортмунд го декласира Аугсбург со 5:1.
Баерн со комбиниран состав му се спротивстави на Штутгарт. „Швабите“ ја искористија таа предост и предноста на домашниот терен и славеа со 3:1. Со оваа победа Штутгарт се изедначи со Баерн на второто место на табелата.
Избраниците на Себастијан Хенес поведоа со голот на Леонидас Стергиу во 29. минута.
Баерн израмни осум минути подоцна со голот на Хари Кејн од пенал.
Баварците можеа да направат целосен пресврт, имаа ситуација три на два во контранапад во 80. минута, но ударот на Александар Павловиќ беше изблокиран.
Веќе во 83. минута стигна казната, Силас испрати центаршут на втората статива, таму добро со глава реагираше Вујонг Јеонг и го матираше Мануел Нојер за 2:1.
Победата на домашниот тим ја потврди асистентот за вториот гол, Силас, кој погоди во третата минута од судиското надополнување.
Слично како Баерн и Борусија Дортмунд настапи со комбиниран состав, но тоа не беше пречка да го декласираат Аугсбург со 5:1.
Напаѓачот на Борусија, Јусуф Мукоко уште во четвртата минута му го отвори резултатот, а 15 минути подцна Мален зголеми на 2:0.
Намали Рубен Варгас во 32. минута, но само две минути подцна миленикот на навивачите Марко Ројс зголеми на 4:1.
Домашните го постигнаа петтиот гол кога Феликс Нмеча погоди во 64. минута.
Стоечки овации од цел Вестфален две минути подоцна доби клупската легенда Ројс – кој неодамна откри дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.
Попладнево Волфсбург го победи Дармштад со 3:0, а Вердер и Борусија Менхенгладбах ремизираа 2:2.