Надворешна политика
Груевски – Тачи: Членството во ЕУ и НАТО е најдобриот начин за напредок на регионот
Премиерот Никола Груевски во четврокот оствари средба со косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Хашим Тачи, со кого разговараа за реформите кои се спроведуваат во двете земји, европските и евроатлантски интеграции и можностите за понатамошно унапредување на односите во сферите од взаемен интерес.
Премиерот Никола Груевски во четврокот оствари средба со косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Хашим Тачи, со кого разговараа за реформите кои се спроведуваат во двете земји, европските и евроатлантски интеграции и можностите за понатамошно унапредување на односите во сферите од взаемен интерес.
Двете страни ја истакнаа својата стратешка определба за членство во Европската унија и НАТО, потенцирајќи дека тој пристап е најдоброто средство за обезбедување на понатамошен напредок на регионот.
Стана збор и за подготовките за одржување на заедничка владина седница меѓу двете земји, на која би се разговарало и за конкретни проекти за унапредување на соработката.
Се разговараше и за реализацијата на инфраструктурни проекти од регионален контекст, со чијашто реализација ќе се унапредат условите за засилување на трговската размена и ќе се има позитивно влијание за економскиот раст и отворањето нови работни места.
Акцент беше ставен на можностите за продлабочување на економските односи, за што, според обострана оцена, постои сериозен потенцијал. Во овој контекст по средбата беше потпишан Договор за заемно поттикнување и заштита на инвестициите, кој во име на македонската страна го потпиша Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Со потпишувањето на овој договор се воспоставува правна рамка која на инвеститорите им ја гарантира сопственоста и правата кои произлегуваат од сопственоста. Постоењето ваков договор е еден од најважните предуслови за стимулирање на деловните иницијативи и привлекување на инвеститори меѓу двете држави, со што би се придонело во претстојниот период да се зголеми бројот на деловни односи и инвестиции меѓу субјектите од двете земји./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.