Свет
Al Jazeera: Европските извозници трпат штети поради санкциите кон Русија

Откако Европската унија (ЕУ) и воведе санкции на Русија поради учеството во војната во Украина, бројни европски компании имаат последици поради овие санкции, коментира Al Jazeera.
Приходите на данскиот пивски гигант „Carlsberg“ во добар дел зависат од рускиот пазар, односно дури 35 проценти. Од компанијата најавиле дека очекуваат пад на профитот, што веднаш ја намали цената на нивните акции, за шест проценти. Но во овој случај не се виновни санкциите, туку ослабувањето на руската економија. И останатите европските компании добиваат главоболки поради санкциите.
Русија е главниот извозен пазар за грчките земјоделци, а минатата година на овој пазар тие пласираа производи во вредност од 180 милиони евра. Воведувањето на руското ембарго за увоз на производи од ЕУ резултираше со појава на вишок овошје и зеленчук на грчките тезги, и со голем пад на цените.
„Околу 60 проценти од праските ги извезувавме таму, како и 50 проценти од кивите и повеќе од 90 отсто од јагодите. Со оглед на ова, Русија за нас не е некој безначаен пазар, како и за Италија и за Шпанија“, изјави Христос Јанакаки, извозник на овошје и претседател на Асоцијацијата на произведувачи од регионот Иматиа.
Земјоделците сметаат дека отштетата која ќе добијат нема да биде ни приближно доволна, а се повеќе се плашат дека состојбата сериозно ќе ја загрози и онака кревката грчка економија, како и некои од останатите земји од Еврозоната.
„Грција повеќе од која и да е земја од Еврозоната има потреба од тој извозен пазар, бидејќи таа е земја пред која има долг пат на опоравување“, изјавил пазарниот аналитичар Мајкл Хјусон.
Русија е еден од најголемите увозници на шпански портокали, а италијанските испораки на сирење неодамна беа вратени од руските граници. Но цела Европа го чувствува влијанието на оваа политичка криза. Според некои инстражувања, повеќе од половина фински компании ги чувствуваат последиците, а најмногу е погоден синџирот на стоковни куќи „Stockmann“.
Цените на норвешкиот лосос паѓаат, а ударот од санкциите полека го чувствуваат и германските компании EON и Daimler. Дури 25 илјади работни места во Германија се под директна закана од санкциите.
Единствениот победник и профитер во Европа е Швајцарија, која не се наоѓа на листата на казнети земји. Руските љубители на италијанското свежо сирење „моцарела“ и тврдиот кашкавал „пармезан“ веќе се префрлиле на швајцарскиот полутврдото сирење „ементалер“ и сирењето „груер“, заклучува Al Jazeera./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.