Скопје
Бесплатни проекти за изградба на куќи во населбата Јака
Бесплатни проекти за изградба на семејни станбени куќи, нуди Општина Илинден со што ќе се овозможи дополнителна поволност за инвеститорите во новата населба за индивидуално домување Јака.
За издавање на градежни дозволи по електронски пат на инвеститорите ќе им бидат понудени четири типа на проекти за куќи со различни димензии, без никаков надомест во постапката за издавање одобрение за градење. Со прифаќање на еден од овие бесплатни проекти Општина Илинден им овозможува на инвеститорите да заштедат до 1.000 евра колку што вообичаено чини изработката на ваквите проекти, информираат од општината.
Инвеститорите, што нема да се одлучат за избор на еден од понудените проекти ќе треба да изработат проекти согласно позитивната законска регулатива и дозволените архитектонско-урбанистички параметри на своја сметка.
Пријавите за учество за електронското јавно наддавање треба да се достават до 15.10.2013 година.
До сега во локалитетот Јака се отуѓени 220, а во првата септемвриска објава беа понудени на продажба уште 15 парцели, па во моментов актуелни се вкупно 25 градежни парцели од Јака.
Покрај парцелите во локалитетот Јака на електронско јавно наддавање понудени се уште шест парцели за изградба на станбени куќи за индивидуално домување во локалитетот „Спортски центар“ во Општина Илинден, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 22 октомври оваа година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

