Контакт

Надворешна политика

Попоски – Венизелoс: Атина и Скопје сè уште далеку од компромис

Објавено пред

Втората средба меѓу шефовите на дипломатиите на Скопје и Атина, Никола Попоски и Евангелос Венизелос не вроди со плод во однос на приближувањето на ставовите околу решавањето на спорот за името, и како што вели македонскиот министер за надворешни работи, меѓу двете страни се уште остануваат „планини“ во однос на компромисно решение.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Средбата во Њујорк на маргинитите од 68-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) траела само дваесетина минути и завршила онака како и што почнала, без приближување на ставовите.

„Ставовите од југот се основа на проблемот.  Немаме никакво убедување дека имаат желба да станат дел од решението. За се друго можеме да бидеме партнери, но за спорот, меѓу нас се планини“, изјавил шефот на македонската дипломатија Попоски по средбата.

Претходно пак, грчкото МНР преку соопштение ги повтори грчките позиции, и она што Атина го гледа како решение – сложено име со географска одредница, кое ќе биде за севкупна употреба, притоа напаѓајќи ја македонската страна дека е неконструктивната страна во спорот, одговарајќи на сите грчки иницијативи со провокации./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Македонија нема да испраќа војници во Украина

Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која...

Свет6 часа

Зеленски не планира да му се извини на Трамп за расправијата во Овалната соба

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, нема да му се извини на претседателот на САД Доналд Трамп по нивниот корисен разговор во...

Топ6 часа

Двајца возачи загинаа на патот Штип-Кочани

Две лица го загубија животот во тешка собраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани што се случи попладнево. Според информациите од...

Македонија8 часа

Меѓународниот ден на жената одбележан со пленарна седница

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Собранието ја одржа 39. седница, тематски посветена на статусот и правата...

Свет8 часа

Целосен пресврт – Трамп и се закани на Русија со остри мерки до мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз...

Македонија10 часа

Болните не треба да плаќаат паркинг, Таравари и Владата да ги заштитат граѓаните, а не приватникот, има решенија, вели Лазаревски, експертот за ЈПП

Договор во кој приватникот треба да изгради две монтажни катни гаражи и да одвојува еден отсто од годишниот приход за...

Економија12 часа

Маркети, аптека и големи увозници на овошје и зеленчук затворени поради непочитување на владините мерки за маржите

Кај осум правни субјекти пазарната инспекција констатирала целосно непоичитување на владините мерки од кои три маркети, една аптека и три...

Македонија13 часа

Филков: Не смееме да дозволиме жртвите на кривични дела со насилство да останат без заштита, а насилниците да бидат неказнети

На третиот правосуден форум за родова рамноправност на Западен Балкан, министерот за правда, Игор Филков, порача дека нема напредок во...

Македонија13 часа

Продолжувањето на проектот „Скопје 2014” ќе биде поздравено од идејниот творец, кој е на печалба во Будимпешта, Жерновски за натстрешникот на МНР

„Не мора да се носат наочари за сонце бидејќи нè зафаќа сè поголема сенка. Токму овој потег е она што...

Македонија13 часа

Паркирањето на Клинички ќе биде 50 денари, што за Таравари е добра цена, но вели дека договорот не е потпишан и ќе поништи ако јавноста е против

Секогаш ми значи мислењето на јавноста, договорот со албанската компанија за паркингот на Клинички центар не е потпишан и може...

Македонија15 часа

Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава....

Европа16 часа

Орбан: ЕУ нема пари, а планот за вооружување може да ја уништи Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го исмеа амбициозниот нов план на ЕУ за големи дополнителни трошоци за одбраната, предупредувајќи дека тоа...

Македонија16 часа

Утрово, најстудено во Берово, денеска максималната температура до 23 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -5 степени, -4 било во Битола, -3 во Струмица, -2 во...

Македонија16 часа

ДУИ: Првпат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ниеден Албанец не зазема водечка позиција во Армијата

„За прв пат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ниту еден Албанец не зазема водечка позиција во Армијата на Северна...

Македонија17 часа

Левицата: Скандалозен договор со контроверзна албанска фирма – Таравари го продаде паркингот на Клинички

„Министерот за здравство, Арбен Таравари, де факто го приватизира јавниот паркинг, лобирајќи албанска компанија да стопанисува со паркингот на Клиничкиот...

Свет17 часа

(Видео) Експлодира „Старшип“ на Маск, паѓаа делови, стопирани авионски летови

Вселенското летало Starship на SpaceX експлодираше во четвртокот, само неколку минути по полетувањето од Тексас, спречувајќи обид да се распоредат...

Европа17 часа

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера го обвини својот колега Владимир Путин дека е „ревизионистички империјалист“, кој, според неговите зборови, направил...

Свет19 часа

Трамп: „Ако НАТО не плати, нема да ги бранам“, Макрон му одговори

Доналд Трамп вчера ја доведе во прашање и посветеноста на САД кон НАТО и солидарноста на сојузничките земји во рамките...

Европа19 часа

(Видео) Европската ракета лансира шпионски сателит

Нова европска ракета Ariane 6 вчера успешно лансираше француски шпионски сателит на својата прва целосно оперативна мисија, означувајќи го враќањето...

Европа19 часа

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, од 27 земји, поддржани од 26

Лидерите на сите земји-членки, освен Унгарија, ја повторија својата силна поддршка за Украина и ја истакнаа потребата руската агресија да...