Спорт
Сензација во ЛШ, Базел го елиминира Манчестер Јунајтед
Швајцарскиот шампион Базел со елиминацијата на Манчестер Јунајтед, приреди сензационален крај на натпреварите од фазата по групи, во Лигата на шампиони.
Швајцарскиот шампион Базел со елиминацијата на Манчестер Јунајтед, приреди сензационален крај на натпреварите од фазата по групи, во Лигата на шампиони. Базел, на домашен терен со головите на Штрелер и Александар Фрај ги совлада „црвените ѓаволи“ и си обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони. Поранешниот европски првак, Манчестер Јунајтед, утеха ќе бара во второто според квалитет фудбалско натпреварување на Стариот континент, Лига Европа. Несреќата, за менаџерот Алекс Фергусон, да биде поголема, е што неговата екипа по се изгледа на подолго време остана без капитенот Немања Видиќ, кој по еден дуел со Штрелер, во 44-таминута, се здоби со повреда на коленото. Покрај Базел, пласман во следната фаза, од оваа Ц група, уште претходно избори Бенфика. Лошата ноќ за тимовите од Манчестер ја надоплни и лидерот во Премиер лигата, Сити, кој и покрај победата над Баерн Минхен, не успеа да стигне до второто место во А групата, бидејќи и Наполи си ја заврши работата во Виљареал победувајќи со 0:2. Горан Пандев, во победата на својот тим ги одигра последните осум минути, тој во игра влезе на местото на Кавани. Трилер завршница имаше и во Б групата, ЦСКА во Милано го победи Интер со 1:2, со голот на Василиј Березуцки во 87-та минута, и благодарение на нерешениот резултат на натпреварот Лил-Трабзон, избори пласман во осминафиналето. Лион направи чудо во Д групата, откако и Реал одработи за францускиот тим. Реал го задржа максималниот ефект победуваќи го Ајакс, додека Лион во Загреб бркаше гол-разлика и успеа во намерата, на Динамо му даде седум гола, четири од нив ги постигна Гомис. Лигата на шампиони осминафиналните дуели ќе продолжи напролет, Македонија во нокаут фазата ќе ја преставуваат Иван Тричковски-АПОЕЛ и Горан Пандев-Наполи. Група А: Манчестер Сити-Баерн Минхен 2:0, Виљареал-Наполи 0:2Табела: Баерн 13, Наполи 11, Манчестер Сити 10, Виљареал 0Група Б: Лил-Трабзон 0:0, Интер-ЦСКА Москва 1:2Табела: Интер 10, ЦСКА 8, Трабзон 7, Лил 6Група Ц: Базел-Манчестер Јунајтед 2:1, Бенфика-Оцелул 1:0Табела: Бенфика 12, Базел 11, Манчестер Јунајтед 9, Оцелул 0Група Д: Динамо Загреб-Лион 1:7, Ајакс-Реал 0:3Табела: Реал 18, Лион 8, Ајакс 8, Динамо 0. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баерн против Волфсбург броеше до осум
Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн го победија тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците го декласираа ривалот со 8:1.
Баварците воспоставија контрола од првата минута, имаа многу поголем посед на топката, но гостите од Долна Саксонија беа подеднакво опасни во првото полувреме пред голот на Мануел Нојер.
Баерн поведе многу рано со автогол на Килијан Фишер, но Волците брзо возвратија преку Џенан Пејчиновиќ, талентиран 20-годишен германски фудбалер по потекло од Црна Гора.
По половина час игра, Луис Дијаз, на асистенција на Олисе, повторно го доведе домашниот тим во водство, а во второто полувреме, баварската машина едноставно ги здроби гостите, Мајкл Олисе (двапати), уште еден автогол (Мориц Јенц), Рафаел Гереро, Хари Кејн и Леон Горецка донесоа повеќе од убедлив триумф.
Со оваа победа, Баерн ја зголеми својата предност на табелата, откако второпласираната Борусија Дортмунд освои само бод во Франкфурт против Ајнтрахт во петокот (3:3), додека Баер Леверкузен беше неочекувано убедливо поразен пред своите навивачи против Штутгарт (1:4).
Баварците сега имаат 44 бода, 11 повеќе од тимот од Дортмунд на второто место на табелата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Брајтон го елиминира Манчестер Јунајтед од ФА купот
Манчестер Јунајтед нема победа од натпреварот со Њукасл на крајот од 2025 година. Рубен Аморим беше отпуштен од менаџерската позиција, но тоа не ги смени работите на „Олд Трафпрд“.
Под водство на привремениот менаџер, Дарен Флечер, одиграа нерешено 2:2 во Барнли, кај претпоследниот тим во Премиер лигата, а вечерва „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од ФА Купот.
Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши со резултат 1:2 (0:1), што значи дека Брајтон се пласира во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Несомнено е дека играч на натпреваротбеше Брајан Груда. 21-годишникот му донесе водство на Брајтон во 12-та, а учествуваше и во решавачкиот гол, бидејќи му асистираше на 35-годишниот Дани Велбек, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
Бенјамин Шешко по корнерот што го изведе Португалецот Бруно Фернандеш во 85-тата минута само успеа да го намали резултатот.
Наредната сабота, Јунајтед во дербито ќе го пречека Манчестер Сити.
Спорт
(Видео) Нкунку спречи пораз на Милан во Фиренца
Фиорентина и Милан одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 20-то коло на Серија А.
Милан против „виолетовите“, исто како и против Џенова во претходната рунда, успеа да се спаси од пораз во финишот на мечот. На „Артемио Франки“, екипата од Милано имаше и сојузник во пречата, тука заврши обидот на Брешанини в 94-та минута.
Во првото полувреме, кое заврши без голови, Милан, кој го започна натпреварот без Рабио и Леао, не беше подобар ривал, но имаше три големи шанси за водство. Два пати Пулишиќ беше сам пред Де Хеа, а еднаш се обиде Габија.
Во судиското продолжение, Фиорентина остана без тренер, бидејќи Паоло Ваноли доби директен црвен картон.
Домашниот тим во второто полувреме целосно ги надигра Росонерите. Офанзивата им донесе резултата на „виолетовите“ во 66-тата минута, кога Комуцо погоди за 1:0.
Бод, Милан освои со голот на Нкунку во 90-та минута.
Foto/ EPA

