Свет
Еден воз, една држава

Патничкиот воз што завчера од Приштина до Скопје го провозе министерот за транспорт Џемали Мехази, а од следната недела е најавено дека ќе стартува со редовното сообраќање, на македонска територија нема да поминува низ никаква контрола.
БЕЗ ЦАРИНСКА И ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА НА ПРУГАТА КОН ПРИШТИНА
Патничкиот воз што завчера од Приштина до Скопје го провозе министерот за транспорт Џемали Мехази, а од следната недела е најавено дека ќе стартува со редовното сообраќање, на македонска територија нема да поминува низ никаква контрола. Ниту полициск
Патничкиот воз што завчера од Приштина до Скопје го провозе министерот за транспорт Џемали Мехази, а од следната недела е најавено дека ќе стартува со редовното сообраќање, на македонска територија нема да поминува низ никаква контрола. Ниту полициска, ниту царинска, тврдат за "Вест" владини извори. Откако возот ќе влезе на македонска територија првата меѓународна железничка станица е 12 километри од границата, кај скопското село Волково, каде нема никаква инфраструктура за вршење на гранична контрола. Ниту на преминот кај Блаце не постои начин да се исконторлира возот и патниците. Токму затоа Министерството за внатрешни работи и Царината не дале согласност оваа патничка линија да почне со работа.
Согласност единствено била дадена за промотивното возење на министрите и делегациите од УНМИК и Косово, велат нашите извори изненадени од најавата дека редовната линија ќе профункционира следната недела.
И МВР и Царина писмено ја информирале Владата дека граничниот премин не е безбеден за редовна патничка линија, бидејќи службите не се подготвени за потребната контрола. Според нив реални биле можностите линијата да остане неупотреблива и во првите неколку месеци од следната година.
Станицата на Волково не е прифатлива ниту за МВР, ниту за Царина. И двете служби инсистираат контролата да се врши на самиот влез во Македонија, односно на Блаце. Полицијата нема подготвено ниту печати бидејќи не е сигурно на ке место ќе се врши конторлата.
Ова прашање според Министерството за транспорт ќе се решава деновиве. Според Министерството, промоцијата се случила откако Владата донела одлука да се пушти линијата, македнското Министерство и УМНИК потпишале протокол и штом се решат отворените прашња возот ќе почне секојдневно да патува.
Како што дознаваме не е подготвена ниту постапката како да се врши контролата. На кое место да застанува возот, нема поставено ниту рампа, а согласно меѓународните стандарди возот не смее да стои подолго од 30 минути.
За полициските екипи не е поставена ниту инфраструктура за мрежно поврзување, нема услови за проверка на патниците со цел да се исконтролира дали со возот патува криминалец за кој е издадена потерница. (Т.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.