Свет
Кина ги засилува економските врски со Судан
Претседателите на Кина и на Судан, Ху Џинтао и Омар ал-Башир ги зацементираа економските врски меѓу двете земји во текот на посетата на Башир на Пекинг, анализира телевизијата Al Jazeera
Претседателите на Кина и на Судан, Ху Џинтао и Омар ал-Башир ги зацементираа економските врски меѓу двете земји во текот на посетата на Башир на Пекинг, анализира телевизијата Al JazeeraКинескиот претседател го пречека својот колега од Судан, земја која е еден од главните снабдувачи на Кина со нафта, со сите почести. По суданскиот претседател е распишана меѓународна потерница поради обвиненија за воени злосторства.Меѓународниот суд за злосторства (МКЗ) го обвини Башир за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото кои се случиле во западниот регион на Судан, Дарфур, во кој од 2003 година наваму се убиени преку 300.000 луѓе.Според правилникот на МКЗ, секоја земја – членка мора да го уапси Башир штом стапне на нејзина територија. Кина, како и САД, не го признава овој суд. Разговорите на двајцата државници ќе се фокусираат на новонастанатата ситуација по поделбата на Судан на Северен и Јужен. Кина е најголем купувач на суданската сирова нафта и е многу загрижена од можноста поделбата на земјата да прерасне во нова граѓанска војна, што би ја попречило испораката на нафта. Нафтата во најголем дел се црпи во Јужен Судан, но мора да мине низ Северен Судан за да стигне до Кина. Вчера функционери на кинеската национална нафтена компанија потпишаа договор со суданската влада со која уште повеќе се проширува соработката во снабдувањето со нафта и гас. Повеќе западни земји неодамна ја обвинија Кина дека во големи делови на Африка почнува да спроведува колонијална политика. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силна бура во Франција
Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се преместени на портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силната бура што се очекува до сабота, 27 декември, објави денес „Метео Франс“.
Горна Корзика и Источните Пиринеи се ставени под предупредување поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува зголемување на нивото на водата во реките, јавува телевизијата BFM.
„Метео Франс“ наведува дека предупредувањето за поплава е издадено како превентивна мерка, со проценка дека поради обилни дождови, водотеците би можеле да се излеат, особено на југот на Франција, во областа Русијон.
Кога станува збор за количината на врнежи, до сабота напладне се очекува помеѓу 150 и 200 литри дожд на квадратен метар, што одговара на количината на врнежи за два до три месеци, објаснува телевизијата BFM.
На Горна Корзика прогнозата е помеѓу 80 и 120, локално до 150 литри на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Израелскиот министер: Никогаш целосно нема да ги повлечеме трупите од Појасот Газа
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израел никогаш целосно нема да ги повлече своите трупи од Појасот Газа. Според него, во Газа ќе остане значајна безбедносна зона, дури и доколку се премине во следна фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и доколку Хамас биде разоружан.
Кац најави дека безбедносната зона би се протегала внатре во Газа, а на северот на Појасот би можеле да се формираат и израелски доселенички јадра за нејзина заштита. Тој, како член на десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со ова повторно се спротивстави на делови од американскиот мировен план што предвидуваат целосно повлекување на израелските сили од Газа.
По претходните критики дека ги ублажил ставовите, Кац денеска порача дека не се повлекува од изјавите, додавајќи: „Возам наназад само во автомобил.“
Свет
Зеленски: Се појавија нови идеи за крај на војната по разговорите со луѓето на Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со луѓе од тимот на американскиот претседател Доналд Трамп – специјалниот изасланик Стив Виткоф и Џаред Кушнер – за можни начини за завршување на војната со Русија. Според Зеленски, се појавиле „нови идеи“ поврзани со форматот на преговорите, средбите и временската рамка.
Трамп се залага за мировен договор, а неговите преговарачи работат на план што постепено напредува. Зеленски претходно претстави нацрт-мировен план од 20 точки, кој е скратена верзија на постар предлог од 28 точки. Клучните територијални прашања сè уште не се решени и, според Зеленски, за најчувствителните теми ќе биде потребна директна средба со Трамп.
Од руската страна, Кремљ соопшти дека ги анализира документите поврзани со можниот крај на војната, додека Москва изрази незадоволство од украинскиот план, особено околу Донбас, НАТО и големината на украинската армија. Зеленски најави и нови разговори меѓу украинските и американските преговарачи, нагласувајќи дека работат постојано за да се приближи крајот на војната.

