Македонија
Состојба на патишта за среда

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата во утринските часови се одвива нормално без забрани
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата во утринските часови се одвива нормално без забрани, по суви и чисти коловози.На возачите им препорачуваме внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особена внимателност низ клисурите, каде не се исклучува можноста од појава на поситни одрони. На патниот правец Дебар – Струга (Р 418) се изведуваат работи на пат (реконструкција и асфалтирање на коловозот), поради што во тек е секојдневно затворање на патниот правец во неколку термини: од 08:00 – 10:30, 11:00 – 13:30 и од 14:30 – 17:00 часот. Се очекува реконструкцијата да заврши до 31.10.2009. На патниот правец Г.Коњаре-Сушица (Р-123) од 11.09.2009 год. се изведуваат работи на пат, поради што патниот правец ќе биде затворен за сообраќај секојдневно од 08:00 – 13:00 и од 14:00-19:00 часот.Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.На граничните премини нема подолги чекања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.