Македонија
Извештајот за укинување на визите пред комисија во Европскиот парламент

Одборот за граѓански права, правда и внатрешни работи на Европарламентот идната среда прв пат ќе го разгледува извештајот за укинување на визите за Западен Балкан
Одборот треба да гласа за извештајот што го подготвува европратеничката од Словенија Танја Фајон на 15 септември, по што треба да се најде на дневен ред на пленарна седница на Парламентот во ноември.Мислењето на Европскиот парламент, според Договорот од Ница, не е обврзувачко за Советот на Европската Унија, но се очекува Европската комисија во својот предлог да го уважи ставот на парламентарците.Главна порака од нацрт-извештајот на Фајон е дека Европската Унија би требало политичката одлука за укинување за визите за Македонија, Србија и Црна Гора да ја дополни така што на БиХ и Албанија ќе им овозможи што поскоро да ја постигнат целта, а бара во процесот да биде вклучено и Косово.Сите услови за укинување на визите досега ги исполни само Македонија. Србија и Црна Гора до крајот на оваа недела треба да достават дополнителен извештај за остварување на мерките. Нови извештаи во октомври се очекуваат и од БиХ и Албанија.Европската комисија во јули предложи Европската Унија од први јануари 2010 година да ги укине визите за државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во борбата против малолетничката деликвенција, Тошковски, Ѓорѓиевски и Герасимовски во заедничка акција низ Скопје

Вчеравечер претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Претходно, одржаваа и координативен состанок во полициската станица во Центар за нивните заеднички заложби.
-Целта на оваа иницијатива беше да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција. Од страна на МВР информираа дека ќе се разгледа и можноста во рамки на системот ,,Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите.
Оваа активност доаѓа непосредно по едногласното усвојување на иницијативата од страна на ЗЕЛС, а поднесена од Општина Центар, која се залага за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.
Се залагаме за воспоставување силна меѓуинституционална соработка со цел воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.
Вечерва, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, имавме можност да ја видиме состојбата на терен и директно да поразговараме со младите.
Ова е одличен пример за тоа колку е важна координацијата меѓу локалната самоуправа, МВР и останатите надлежни институции во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир.
Во следниот период, ќе продолжиме со активни чекори за имплементација на усвоената иницијатива, со цел создавање безбедна средина за сите граѓани, особено за младите.
Голема благодарност до министерот Тошковски и сите припадници на безбедносните сили за поддршката-изјави Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски
Скопје
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟧𝟢 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.02. до 16.02.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 150 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известуваат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, додаваат од ПОЦ.
Скопје
Герасимовски: Покренавме иницијатива, излеговме на терен, време е за закон-општокорисна работа за младите вандали

Општина Центар информира дека градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, синоќа направија акција со патрола низ Центар за да видат каква е состојбата со присуство на малолетници во доцните часови.
„Центар е првата општина што покрена иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат општокорисна работа. Со овој проблем се соочуваат сите општини во државата, но ние доставивме иницијатива до ЗЕЛС која беше едногласно прифатена, а позитивно одекна и во јавноста, време е да воведеме ред. Младите вандали кои ја уништуваат урбаната опрема ќе фарбаат клупи, ќе менуваат лулашки, но и ќе ја купуваат опремата којашто ја имаат оштетено”, истакнува Герасимовски.
Герасимовски, очекува во најкус можен рок иницијативата да се преточи во закон за да се намалат девијантните појави во општините.