Македонија
Дамјановски го обвини Аџиев дека свесно го крши Законот
Еден од членовите на Комисијата за Верификација на фактите обвинува дека претседателот на Комисијата, Томе Аџиев свесно го крши Законот Закон за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.
Еден од членовите на Комисијата за Верификација на фактите обвинува дека претседателот на Комисијата, Томе Аџиев свесно го крши Законот Закон за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.
Дамјановски обвинува дека Аџиев не ги спроведува заклучоците донесени од Комисијата за паралелна проверка на досиејата на актуелните и поранешните функционери.
Иако вчера најави дека ќе го тужи ,Аџиев денеска на прес конференцијата изнесе низа обвинувања против него и рече дека нема да го тужи, бидејќи негова работа не било да оди по судови. Смета дека со овие изнесени факти органите коишто го предложиле треба да поведат или не постпака против него.
„Тврдам дека свесно го крши Законот, бидејќи ние сме му укажале на тоа, но тој продлжува, зошто го прави тоа не знам“ изјави Дамјановски.
Според неговите податоци, од 4 мај досега биле проверени 5.000 изјави на поранешни функционери, а во истиот период се провериле само 150 изјави на актуални функционери. Дамјановски посочува дека Комисијата со ова не ја остварува основната цел на Законот, односно лицата кои биле соработници да не учествуваат во креирањето на политиката, односно демократските процеси на државата, а тоа се актуалните, а не поранешните функционери кои немаат веќе никакво влијание.
„Ние не сме за тоа да не се проверуваат поранешните функционери, но нека биде постапката паралелна“m вели Дамјановски.
Тој го наведе примерот со поранешниот професор на Факултетот за драмски уметности, Владимир Милчин, за кого претседателот и самиот кажал дека нема потпишано писмен документ за соработка со службите, како и дека немал материјална корист од соработката.
Со ова, како што вели Дамјановски, кршење на Законот им се прави штета како на поединците, кои се обработуваат, така и на државата.
„Нашата држава преговара за членство во ЕУ и НАТО, од нас се бара владеење на правото. Правот не владее само, тоа единствено функционира ако органите ги спроведуваат законите, а не да презнетираат сила надмоќ“.
Претседателот Аџиев, пак, во изјава за Макфакс останува на своето тврдење дека функционерите се проверуваат паралелно и Комисијата работи законски. Смета дека нема ни за што да им се извини на членовите кои ја бојкотираат Комисијата.
„Нема зошто да им се извинам. Немам никаков контакт и конфликт со нив. Мене ме интерсира само Комисијата да работи законски. Тие излегуваат од Комисијата, кажуваат. Комисијата има 11 членови, зошто само истите негодуваат“ вели Аџиев.
Двајца од членовите на Комисијата, Јанаке Витановски и Благоја Гешоски ја бојкотираат работата на Комисијата. Двајцата членови заедно со Дамјановски извесно време се препукуваат со претседателот на Комисијата преку медиумите. Бараат да им се извини бидејќи во одделни интервјуа во „Дневник“ и „Утрински весник“ рекол дека имаат бубачки во главите и дека залутале на функцијата. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради јавен собир во прекин сообраќајот кај Плетвар
Од 11:30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП, на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети, соопшти АМСМ.
Кај Касарната во Кичево блокирана е една сообраќајна лента во правец од Скопје према Охрид, возилата се пренасочуваат преку регионален пат за Осломеј, додека другата сообраќајна лента правец Охрид према Скопје е слободна за движење.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Попова Шапка – с.Лисец.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата, изјави:
„Да, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата“.
Македонија
По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот
Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните протести за „Безбеден град“.
Утрово, премиерот разговарал со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и побарал од него соодветна реакција за секое прекршување на законот.
„Она што го побарав од него е кон секој оној што го прекршил законот, се заканувал и го загрозил мирот на граѓаните, жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко, за да не се повтори вчерашното дивеење што се случи“, изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање.
Вчера на неколку локации во државата беа блокирани патни правци, при што граѓани палеа гуми на коловозите и протестираа, изразувајќи незадоволство од измените во Законот за сообраќај и одземањето на неколку моторни возила. Жители на повеќе ромски населби низ Македонија тврдат дека се дискриминирани, наведувајќи дека дел од нив немаат завршено образование и поради тоа немаат услови да полагаат за возачка дозвола.

