Свет
Во Вашингтон започна глобалниот самит за нуклеарното оружје
Американскиот претседател Барак Обама во понеделник и вторник ќе биде домаќин на лидерите на 46 земји, на самитот чија цел е создавање на подобар безбедносен систем на нуклеарните оружја, и стари и нови, за да не паднат во рацете на терористите
Собирот во Конгресниот центар „Волтер Е. Вашингтон“ во престолнината на САД се смета за акт без преседан во напорите да се покрене глобална акција за обезедување на нуклеарните материјали. Собирот, исто така, е во центарот на заложбите на Обама да се спречи ширењето на нуклеарните оружја и технологија. Конкретната цел на самитот, пак, е да се постигне договор за тоа како секоја од земјите-учеснички ќе го контролираат нуклеарното оружје и материјал или на друг начин ќе го спречат нивното ширење. „Во фокусот на овој „нуклеарен“ самит е фактот дека најголемата закана за безбедноста на САД, и краткорочно и долгорочно, е и ќе биде можноста некоја терористичка организација да дојде до нуклеарно оружје“, истакна Обама.„Ова е нешто што може да ја промени безбедностаната мапа во оваа земја и ширум светот во годините кои следуваат. Ако некогаш дојде до ваква експлозија во Њујорк, или во Лондон, или во Јоханесбург, последиците, од економски, политички, или од безбедносен аспект, би биле разурнувачки. Сите ние знаеме дека организациите како Ал каеда постојано се обидуваат да обезбедат нукеарно оружје или други оружја за масовно уништување и нема воопшто да се премислуваат да ги употребат“, додаде тој.Особена загриженост за светските лидери предизвикуваат постарите нуклеарни оружја и материјали, кои не се чуваат како што треба, особено во Русија и другите држави на поранешниот Советски сојуз.„За жал. имаме ситуација во која постои голема количина на необезбеден нуклеарен материјал ширум светот. Затоа целта на самитот е меѓународната заениоца да тргне по патот на воспоставување на точни временски рамки и планови, со кои овој материјал ќе биде ставен под клуч“, рече Обама. Покрај големиот број држави кои учествуваат, на светскиот собир во Вашингтон свои засебни претставници имаат и Обеднитетите нации, Европската унија и Меѓунардоната агенција за атомска енергија. Обама на маргините на самитот ќе одржи серија засебни средби со некои од лидерите кои се присутни. Во неделата Обама имаше средби со индијскиот преммиер Манмохан Синг, по што следеа средбите со претседателите на Казахстан, Нурсултан Назарбајев и на Јужноафриканската република, Јакоб Зума, со премиерот на Пакистан, Јусуф Раза Гилани и в.д.престедателот на Нигерија, Гудлак Џонатан. Во понеделник претседателот Обама имаше средба и со кинескиот претседател Ху Џинтао, која следи по подолг период на затегнати односи помеѓу двете држави поради повеќе спорни прашања, а кој беше прекинат со согласувањето на Кина да учествува на саммитот и да ја земе предвид поддшката за евентуалнте санкции против Иран. Претседателот на САД вакви средби треба да одржи и со другите лидери од петте членки на Советот за безбедност на ОН, кои учествуваат во групата која одлучува за евентуалните нови санкции кон Иран,во која учествува и Германија. Средбата со германската канцеларка Ангела Меркел претседателот Обама ќе ја одржи во вторник, по завршувањето на самитот.
Белата куќа исто така објави дека лидерот на САД ќе има средба и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Оваа средба се случува на само една недела откако Турција одлучи да го врати својот амбасадор во Вашингтон, по спорот меѓу двете држави заради иницијативата на американскиот конгрес да го прогласи масакрот врз Ерменците во Турција во Првата светска војна за геницид. Турција се надева дека САД ќе можат да помогнат при обновувањето на сопрениот процес на помирување со Ерменија. Обама во понеделник ќе се сретне и со ерменскиот претседател Серж Саркисијан. Но, некои од клучните светски лидери нема да присуствуваат на самитот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во момент кога односите меѓу неговата земја и САД се најзатегнати во историјата на Израел поради изградбата на еврејкси населби во источен Ерусалим, го откажа доаѓањето поради наводен страв дека муслиманските земји ќе го покренеле прашањето за недекларираното израелско нуклеарно оружје.И премиерите на Британија и на Австралија нема да учествуваат на самитот. Истовремено, нуклеарната стратегија на Обама трпи жестоки критика на домашна политичка сцена. Републиканците ја напаѓаат како премногу слаба за да може да се соочи со заканите и пркосот на Иран и на Северна Кореја. „Иако договорот со Русија е во вистински правец, а самиот самит донесе импресивна група на лидери во Вашингтон, за мене е проблематична самата нуклеарна стратегија на претседателот. Сакам да кажам дека таа ја одзема повеќезначноста во врска со употребата на нуклеарното оржје од страна на САД, а повеќезначноста е многу корисна во надворешната политика“, смета републиканскиот сенатор Ламар Александер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466
Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на американската новинска агенција на активисти за човекови права.
Во своето најново ажурирање, независната организација соопшти дека досега починале 466 лица – огромно зголемување во однос на претходната бројка од 203.
Групите за човекови права соопштуваат дека поради прекинот на комуникациите тешко може да се добие целосна документација, но дека бројот на загинати демонстранти постојано расте. Центарот за човекови права во Иран добил сигурни информации од сведоци дека стотици демонстранти биле убиени во последните денови.
Иранските власти уапсиле клучни членови на протестното движење што ја потресе земјата во последните две недели, изјави шефот на националната полиција.
„Минатата ноќ беа уапсени значајни лица од главните елементи на немирите, кои, ако Бог сака, ќе бидат казнети по правните процедури“, изјави шефот на полицијата, Ахмад-Реза Радан, за државната телевизија, без да прецизира колку лица се уапсени.
Иранскиот главен обвинител претходно кажа дека оние кои се фатени како протестираат или помагаат на демонстрантите може да бидат обвинети за „непријател на Бог“, што се казнува со смртна казна.
Протестното движење во Иран е најголемото незадоволство што земјата го доживеала во последните години. Иако првично предизвикано од нагло паѓање на вредноста на валутата, демонстрантите наскоро побараа политички реформи и пад на владата.
И покрај репресијата, протестите продолжија и вчера, а се очекувале нови демонстрации вечерва.
Свет
Трамп побарал да се изработи план за инвазија на Гренланд – воени команданти се спротивставиле
Американскиот претседател, Доналд Трамп, им нареди на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени претставници се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори.
Извори велат дека политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро што сакаат брзо да дејствуваат за да го заземат Гренланд, пред Русија или Кина да преземат потези во врска со арктичкиот остров.
Според извори, Трамп побарал од Заедничката команда за специјални операци да подготви план за инвазија на Гренланд, но командантите се спротивставуваат на тоа, тврдејќи дека тоа би било нелегално и дека Конгресот нема да поддржи таков план.
Свет
Стејт департментот им препорача на Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата
Стејт департментот им препорача на американските граѓани во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата поради безбедносни ризици.
Стејт департментот објави и дека меѓународните летови од Венецуела се обновени и дека има извештаи за вооружени милитантни групи кои поставуваат блокади на патиштата и пребаруваат возила за докази за американско државјанство или поддршка за Соединетите Американски Држави.
– Безбедносната ситуација во Венецуела останува флуидна – се наведува во соопштението, објави Си-Би-Ес.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени на почетокот на јануари во меѓународна операција предводена од САД и префрлени во притвор во Њујорк.

