Контакт

Македонија

МКГ бара да го смениме името заради стабилизација на регионот

Објавено пред

Меѓународната кризна група (МКГ) во својот извештај посветен на спорот меѓу Македонија и Грција околу името оценува дека двете држави споделуваат одговорност за влошените односи и дека од клучно значење за стабилизацијата и европската интеграција на целиот Балкан е да биде најдено решени

dobivaj vesti na viber

Односите меѓу двете држави  се најспротиставени од почетокот на 90-тите, стои во документот насловен Името на Македонија – да се надмине ќор-сокакот.  МКГ оценува дека и натаму е важно да се најде решение, наведувајќи дека грчката одлука да го блокира членството на Македонија во НАТО и натамошниот напредок во интеграцијата во Европската Унија ја минира стратегијата на двете организации за стабилизација на Западниот Балкан преку проширување. И Владата на Никола Груевски сноси дел од одговорноста, смета МКГ, според која Грците на преименувањето на скопскиот аеродром во Александар Велики и на редица други потези гледаат како на офанзивно присвојување на нивното хеленистичко наследство и директна провокација.  “Загрижени сме дека, доколку не уследи некакво придвижување во правец на решение, би можеле да дојдеме во ситуација во која сегашните алтернативи повеќе нема да бидат на располагање”, изјави заменик-претседателот на МКГ за политика Доналд Стајнберг, додавајќи дека е важно за двете држави и за меѓународната заедница да ја земат предвид цената што ќе се плати доколку не биде постигнато решение.    МКГ смета дека прв чекор за решение на спорот е повторното градење доверба. “Напорите да се приближат двете страни до спогодба би вклучиле и поголема подготвеност меѓу членките на НАТО и ЕУ да извршат притисок врз Атина да усвои поконструктивен приод и да одговори на отстапките од Скопје со суштински отстапки од своја страна”, стои во извештајот.  Групата повикува двете страни да ја реафирмираат заложбата кон Привремената спогодба од 1995 г.  додека не биде постигнато решение, Скопје да ја користи референцата ПЈРМ во меѓународни форуми, а Атина да ја почитува Спогодбата и да го тргне ветото врз членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Потоа, македонската влада да искаже јавна подготвеност да го прифати последниот предлог на посредникот на ОН Метју Нимиц – „Република Северна Македонија”, а Грција за возврат да го прифати македонскиот идентитет и јазик, со тоа што двете страни би се согласиле дека тоа не имплицира ексклузивно право на користење на терминот “македонски” и не го доведува во прашање користењето на истата придавка кога станува збор за жителите на грчката покраина Македонија. МКГ дури предлага и основање заедничка комисија составена од историчари која би го испитала третманот на заедничката историја на регионот, а со цел да се постигне основно разбирање и да се избегнат референците во образовните програми што се навредливи за националниот сензибилитет на двете држави. Ова е вторпат Меѓународната кризна група да дава директни препораки до една власт во Република Македонија за прашања кои тешко можат брзо да бидат решени од политички аспект. И повторно тоа се прави во особено чувствителен аспект за целиот регион, како што беше со препораките пред конфликтот во 2001 г., кој МКГ го навести наводно анализирајќи го организираниот криминал на Балканот и македонскиот удел во него.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици

Објавено пред

Од

На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.

Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.

СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре локални врнежи од дожд, на планините снег

Објавено пред

Од

Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.

За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.

Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.

dobivaj vesti na viber

-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.

Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.

Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет13 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија16 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија16 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија19 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија20 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет20 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ20 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа24 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет24 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет1 ден

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет1 ден

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет2 дена

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија2 дена

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија2 дена

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија2 дена

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија2 дена

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ2 дена

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија2 дена

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...