Македонија
Марш „Чекори за живот“ против убивањето на кучиња
Марш под мотото „Чекори за животот“ организира невладиниот сектор, во знак на револт против убивање на кучиња во стационарот „Вардариште“.
Марш под мотото „Чекори за животот“ организира невладиниот сектор, во знак на револт против убивање на кучиња во стационарот „Вардариште“.
Целта на маршот е загриженоста на здруженијата „Анима Мунди“, „Срна“, „Срце за животните“ и „Нова надеж“ за заштитата и третманот на животните во Македонија. Маршот ќе започнe на пладне пред Градското собрание во Скопје и ќе продолжи да се движи кон Владата.
Овие организации тврдат дека во Дрисла постои дупка која е ископана без стандарди, каде се фрлаат кучињата кои нехумано се убиваат, за што до медиумите доставија и два документи, едниот од Градот Скопје упатен до ЈП Комунална Хигиена – Скопје а другиот од Ј.П. Депонија „Дрисла“ – Скопје до Еколошкото здружение „Живот во зеленило“- Скопје, кои според нив потврдуваат дека во Дрисла има гробница за мрши од усмртените кучиња од стационарот за кучиња „Вардариште“.
„Имаме најава дека дел од „хуманата еутаназија“ која ја ставаат во Автокоманда не делува, што значи дека кучето привремено губи пулс, и потоа ги ставаат во камиони и ги носат во Дрисла и ги фрлаат во дупката, при што се случувало да се будат кучињата во дупка од која не можат да излезат и умираат во неописливи маки,“ изјави пред два дена Венера Петковска независен активист за заштита на правата за животните.
Петковска изјави дека во стационарот „Вардариште“ од октомври 2007 до денешен ден се убиени повеќе од 5000 кучиња, и дека тоа не е ниту привремено прифатилиште ниту азил за животните, туку место каде се убиваат кучиња
„Во подзаконските акти да се предвиди присуството на полицијата за таа да може да биде ангажирана во растурање на борбите со животни,“ рече Гоџиров.
Невладините ги повикаа сите граѓани кои ги сакаат животните, да излезат и да ја потврдат својата поддршка за маршот кој ќе се одржи./крај/ко/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

