Европа
ЕК ги отфрла наводите на Гринпис за TTIP

Европската комисија ги отфрли во понеделникот вечерта тврдењата на еколошката организација Greenpeace, која во понеделникот утрото објави голем дел од документите од доверливите преговори меѓу Европската унија и САД за Трансатлантскиот трговски договор и инвестициско партнерство (Transatlantic Trade and Investment Partnership – TTIP), кои го покажуваат притисокот на Вашингтон за намалување на европските стандарди за сметка на компаниите, и на заштитата на потрошувачите.
Европската комесарка за трговија, Сесилија Малстром, ги отфрли тие обвинениај, истакнувајќи дека документите кои протекле ги одразуваат преговарачките ставови на ЕУ и на САД, не негирајќи ја нивната автентичности и веродостојност на содржината, а не конечен договор, како и дека не чудно двете страни да имаат различни мислења.
„Во областите каде што нашите ставови се многу оддалечени во преговорите, ние едноставно нема да се договориме. Ниеден трговски договор кој го склучува ЕУ никогаш нема да го намали нивото на заштитата на потрошувачите, стандардите за безбедноста на храната и на природната околина, напиша Малстром на својот блог.
Од јули 2013 година зад затворени врати ЕУ преговара за TTIP, а во 2015 година требаше да биде разработен а потоа за половина година да биде одобрен од Европскиот парламент и националните парламенти на земјите потписнички на овој договор. Неговата цел е создавање на најголемата зона на слободна трговија во светот, со пазар од околу 820 милиони потрошувачи. Покрај САД и земјите од ЕУ, во договорот се вклучени и Канада, Мексико, Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка и Исланд, како и земји кандидати за членство во Европската унија.
Организацијата Greenpeace во понеделникот, прво преку интернет платформата Republica, а потоа и преку германските медиуми, објави тајни делови од договорот за TTIP во коишто, според нив, Вашингтон врши силен притисок, а кои досега им биле достапни само на политичарите.
Од презентираните документи е забележливо дека американската страна инсистира во преговорите на промената во прописите за заштитата на потрошувачите во Европската унија, што, меѓу другото, би овозможило влегување на генетски модифицирани прехранбени производи, како и продукти третирани со хормони. Исто така, Американците сакаат Европејците да се откажат од ткн „начела на претпазливост“, кои ги обврзуваат законодавците на претпазливост во сите случаи кога постојат научни сомневања околу соодветноста на некои производи за човековото здравје.
„Ние во целост го задржуваме тоа начело и немаме намера да се согласиме на што и да е што би го ослабело“, изјави главниот преговарач на Европската комисија, Игнасио Гарсиа Берсеро.
Од документите, исто така, се забележува дека американските преговарачи не сакаат да ѝ дозволат на Европската унија во врска со контроверзните специјални арбитражни судови на коишто големите концерни можат да тужат поедини држави доколку дојде до спор, а на што инсистираат САД.
Белата куќа соопшти во понеделникот дека нема коментар на објавувањето делови од документите од преговорите за TTIP, но дека објавувањето нема преговорите да ги сврти од зацртаниот правец. „Ние имаме намера да ги завршиме преговорите до крајот на годината, а јас не мислам дека постои и нешто околу ова објавување што би можело да има влијание на нашата способност да ги завршиме, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
Бирото на американскиот трговски претставник соопшти само дека интерпретациите придодадени на текстот „во најмала рака искривоколчуваат, а во најлошата целосно се погрешни“.
Експертот на Greenpeace за трговија Јирген Кирш одржа во понеделникот во Берлина прес-конференција на која изјави дека одлучиле да ги објават доверливите документи, бидејќи сакаат да поттикнат дебата, а дека тие покажуваат дека треба да бидат прекината преговорите. „Најдобрата работа што ЕК може да ја стори, е да рече ’жалиме, згрешивме’“, рече Кирш.
Комесарката Малстром, која во понеделникот учествуваше на конференција во Женева, изјави дека објавените документите се „бура во чаша вода“ и дека ЕУ нема да отстапи од своите принципи. Малстром ги повика владите на државите членки на ЕУ да сторат повеќе на „коректното“ информирање на јавноста за TTIP./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин