Скопје
Општина Центар: Граѓаните стравуваат од уривање на зградите на Водно
Граѓаните на Водно стравуваат дека зградите ќе се урнат поради непланското градење.
Жителите на Водно, како и од останатите делови од Општина Центар, му ги кажаа проблемите на градоначалникот Андреј Жерновски на средба во средата.
„Особено беше укажано на небезбедноста и одронувањето на улицата „Славејко Арсов“. Поради непланското градење и урбаната мафија која претходните општински раководства ја аминуваа, потпорните зидови напукнуваат и се уриваат, а граѓаните се плашат дека прашање на ден е кога ќе почнат да се уриваат и зградите“, велат од Оштина Центар.
Надлежните од Општината укажаа дека под итно ќе започне изградбата на атмосферска одводна канализација, за да може водата да се собира во цевки, за да не се поткопува улицата.
Најголеми проблеми за граѓаните на Општина Центар се легализацијата, гласната музика од кафулињата и канализацијата.
Тие, исто така, се пожалиле дека со години не им се решаваат проблемите со узурпација на просторот и со спорни легализации.
Граѓаните на средбата посочиле пример со хаосот направен со паркирањето – во зграда со осум спрата претходното раководство одобрило само четири паркинг места.
„Не можеме нормално да живееме и функционираме, а згора на сè – овде ќе се гради и нова зграда“, се пожалија жителите.
Општина Центар во соработка со полициската станица “Беко“ вети дека ќе интервенира на места каде што има пијанчење, дрогирање, за да можат децата, како и возрасните безбедно да се движат низ територијата на општината.
Жителите на ул. Ленинова, пак, се пожалиле за тамошните кафулиња. Велат – кујна имаат направено на скалите, а тестото за пиците се развлекува по земја.
„Дали има власт и за нив? Од агресивната и гласна музика немаме мир“, велат жителите од ул. Ленинова.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




