Свет
Притворен кардиохирургот Борче Петровски

Истражен судија од Основниот суд Скопје 1 завчера по повеќе од 12 часа
испрашување му одреди триесетдневен притвор на ексдиректорот на Клиниката за
кардиологија Борче Петровски, кој беше приведен во средата за злоупотреба на
службената должност.
Истражен судија од Основниот суд Скопје 1 завчера по повеќе од 12 часа
испрашување му одреди триесетдневен притвор на ексдиректорот на Клиниката за
кардиологија Борче Петровски, кој беше приведен во средата за злоупотреба на
службената должност.
Против Петровски се поднесени две кривични пријави. Првата е за злоупотреба на
над 30.000 евра оти лекувал пациенти од Косово и од Албанија, а парите, наместо
во касата на Клиниката, ги земал за себе.
Втората пријава во која тој е осомничен за тешки дела против здравјето на
луѓето ја поднесе сопругот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева. Тој
тврди дека Петровски во 2000 година наводно му вградил стент, но откако по една
година друг специјалист направил преглед, утврдено е дека стентот воопшто не е
вграден.
Бранителот на Петровски, адвокатот Драган Малиновски тврди дека во случајов
станува збор за политичка хајка.
– Со целосна одговорност тврдам дека ова е хајка, бидејќи во досегашното
однесување на институциите кон професорот Петровски, воопшто не можам да
препознаам нити законитост нити владеење на правото – вели Малиновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена на 76 години за првпат стана мајка – чудо што го изненади целиот свет

Ембајте Медин Хагос од Мекеле (Етиопија) стана мајка за првпат на 76-годишна возраст. Таа роди здраво машко бебе. Нејзината приказна одекна низ целиот свет, а многумина ја опишуваат како вистинско чудо.
Ембајте Медин стана мајка преку ин витро фертилизација, која ја извршиле лекари во Индија пред една година. Таа се породи во болница во Мекеле.
„Воопшто не верував кога ми кажаа дека сум бремена “, изјави таа за телевизијата Dimtse Woyane, која објави и снимки од прославата и крштевката на бебето.
Семејството, како и пошироката јавност, реагирале на веста со неверица и емоции.
На социјалните мрежи има безброј коментари, а некои корисници го нарекоа настанот чудо, особено во земја која сè уште се бори со последиците од војната и политичката нестабилност.
Свет
Вулканска ерупција на Камчатка за првпат по 500 години

Вулкан на рускиот далечен исток еруптираше за прв пат по повеќе од 500 години.
Вулканот Крашенјиников на Камчатка синоќа исфрлаше пепел до шест километри.
Нема закани за населените подрачја, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Последната регистрирана ерупција на Крашениников била во 15 век, според раководителот на тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка.
Според експертите, синоќешната ерупција би можела да биде поврзана со силниот земјотрес изминатата недела. Предупредуваат дека се можни силни последователни потреси во следните недели.
Полуостровот Камчатка е оддалечен, но се наоѓа во „Тихоокеанскиот огнен прстен“ – така наречен поради големиот број земјотреси и вулкански ерупции.
Свет
(Фото+видео) Масовен протест за Газа во Сиднеј: демонстрантите носеа тенџериња и тави како симболи на глад

Денеска во Сиднеј се одржа пропалестински протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе, повикувајќи на мир и доставување помош до воено разурнатиот Појас Газа, јавува Ројтерс.
Некои од учесниците на протестната прошетка, која организаторите ја нарекоа „Марш за хуманост“, носеа тенџериња и тави како симболи на глад. Според „9 News Australia“, бројот на демонстранти далеку ги надмина очекувањата на организаторите – дури 90.000 луѓе.
Avustralya’nın Sydney kentinde binlerce kişi İsrail’in Filistin’e yönelik saldırılarını protesto etmek için bir araya geldi.
— Haber HUN (@haberHUN) August 3, 2025
Меѓу учесниците на протестот беа постари лица и семејства со мали деца, како и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, а некои мавтаа со палестински знамиња и скандираа „сите сме Палестинци“.
Во Појасот Газа, во тек е војна меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас, која започна во октомври 2023. Оттогаш, според палестински извори, повеќе од 60.000 луѓе се убиени во Газа, а хуманитарните организации велат дека недостигот од храна води до широко распространето гладување.