Свет
Убиен пакистанскиот министер за верските малцинства
Министерот за верските малцинства на Пакистан, Шахбаз Бхати е убиен во средата во пакистанскито главен град Исламабад, јави телевизијата DawnNews цитирајќи полициски извори
Две неидентификувани лица отвориле оган врз автомобилот во кој се превезувал министерот Шахбаз Бахти, кога тој утринава одел на работа. Министерот бил пренесен во болница, но лекарите не можеле да му го спасат животот. Убијците успеале да избегаат со автомобил, а пакистанската полиција соопшти дека е во потрага по нив. Пакистанските политичка налитичари сметаат дека за атентот најверојатно стојат групи на радикални исламисти. Бахти инаки христијанин по вероисповед, имаше голема активност и многу направи во поглед на заштитат правата на религиозните малцинства во Пакистан. „Беше познато дека нему му се закануваа радикалите. Особено кога тој настапуваше, сосема отворено, во однос одредбите за богохулство“, изјави пакистанскиот политички коментатор Ајаз Мухамед. Тој смета дека атентатот врз Бахти е извршен поради тоа што тој го критикувапе законот (уредбата) за богохулството. „Се разбира, сега сите си спомнаа на убиството на гувернерот Тасир. Можеби не директно, но овие две нехумани убиства, се разбира, се поврзани“, вели Мухамед. Гувернерот на провинцијата Пенџаб, Салман Тасир, беше убиен во јануари во слични околности. Неговиот убиец, Мумтаз Кадри, изјави дека тоа го сторил „во името на исламот“, бидејќи гувернерот отворено се спротивставил на важечкиот во Пакистан закон за богохулство. Овој закон предвидува строги казни за сите „навреди кон верските чувства“ на муслиманите, вклучувајќи доживотен затвор за сквернавење на Коранот, па дури смртна казна за навреда или навредливи забелешки за пророкот Мухамед. Законот за богохулство беше во фокусот на пакистанската јавноста во врска со христијанката Aсија Биби, која беше обвинета за навреда на пророкот Мухамед и осудена на смрт. Многу пакистански и странски политички и лидерите на заедниците апелираа таа да биде помилувана. Либералните кругови во Пакистан велат дека законот за богохулство одамна стана алатка за решавање на лични пресметки или за притисок врз верските малцинства. Се води жестока интензивна дебата околу тоа дали или не треба да се направат измени и дополнувања за омекнување на законот. Исламистите жестоко се спротиставуваат на секој амандман. Религиозните партии одржаа серија масовни демонстрации во одбрана на законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

