Спорт
Баерн совладан на „Алианц“ од Борусија
Во дербито од 13-то коло од геrмaнскиот фудбалски шампионат актуелниот првак Борусија од Дортмунд како гостин на „Алианц Арената“ го совлада водечкиот Баерн од Минхен со 1:0.
Во дербито од 13-то коло од германскиот фудбалски шампионат актуелниот првак Борусија од Дортмунд како гостин на „Алианц Арената“ го совлада водечкиот Баерн од Минхен со 1:0.Единствениот погодок на мечот го постигна Марио Геце во 65 минута. Со оваа победа Борусија го намали заостанувањето зад Баерн на само два бода. Баварците имаат сега 28 бодови, а Борусија е втора со 26 бодови.Борусија од Менхенгладбах убедливо со 5:0 го победи Вердер и бодовно се изедначи со имењакот од Дортмунд но е на трета позиција со послаба гол разлика. Стрелци за домашните беа Хемран во 16, Реис во 23, 38 и 51 минута, а Аранго ја заврши серијата во 53 минута.Волфсбург со 4:1 го победи Хановер 96. Двоен стрелец беше Салихамиџиќ во 22 и 36 минути, а по еден за домашните дадоа Крис во 55 и Мадлунг во 74 минута, додека Шулц во 43 минута намали за гостите. Волфсбург е 12-ти со 16 бодови, додека Хановер 96 останува до недела на 7-та позиција со 19 бодови, позиција на којашто атакуваат Штутгард, Хофенхајм и Келн. Шалке 04 беше убедлив со 4:0 против Ноемберг, а погодоците ги постигнаа Хунтелар во 16 и 66 минута, Раул и Холтби во 39 и 84 минута. Шалке ја потврди високата четврта позиција со бод помалку од пред него двете Борусии и три помалку од водечкиот Баерн. Ноернберг, пак, е 15-ти со 12 бодови и е пред самата опасна зона на испаѓање во лигата со 18 клубови. Фрајбург и Херта одиграа 2:2, иако гостите со головите на Рамос во 20 и Ниемајер во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме. Во 61 година за домашните изедначи Рејсингер а бодот беше спасен од истиот играч во петтата минута од судиското продолжение. Фрајбург е 15-ти со 12 бодови, а Херта се задржа на 10-то место со 17 бодови. Во петокот Баер со головитена Балак во 54 и Сам во 70 минута на гости го совлада Кајзерслаутерн. Баер ја потврди 6-та позиција со 19 поени а Кајзерслаутерн е 13-ти со исто толку бодови.
Мечот меѓу Келн и Мајн којашттребаше да се одигра во саботат беше одложена само 40 минути пред почетокот со образоложение за „ненадејна спреченост ан судијата“, Според пишувањето на локалниот весник Express, судијата Бабак Рафати се обидел да се самоубие.
Во недла се среќаваат Штутгард – Аугсбург и Хамбургер СВ – Хофенхајм./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

