Свет
Брисел и Москва официјално го потврдија протрувањето на руските дипломати
Заради скандалот со естонскиот разузнувач кој работел за руската тајна служба, НАТО протера уште двајца руски дипломати кои работеле во седиштето на Алијансата во Брисел
Двајцата дипломати биле известени дека веќе не се добродојдени, рекол за новинските агенции неименуван извор од НАТО. Руските дипломати работеле во мисијата на Русија при НАТО во Брисел, а се протерани заради нивна инволвираност во случајот на Херман Сим, естонскиот службеник кој во февруари беше осуден на 12 години затвор бидејќи на руската разузнавачка служба СВР и’ предал повече од две ијалди страници доверливи материјали.Како што веќе донесовме во февруари, Сим додека работел за естонското министерство за одбрана во периодот од 1995 до 2006 г. во одделот за координација на соработката со НАТО, имал пристап до документи кои носеле ознака на најголема доверливост откако Естонија стана негова членка во 2004 г. Според естонските медими, информациите кои Сим им ги предал на Русите вклучувале и документи за комуникациските и информатичките системи на Алијансата и на државите нејзини членки, како и на други меѓународни организации, потоа податоци за безбедносните проценки, разузнавачките и контраразузнавачките служби итн. НАТО во средата им наредил на дипломатите да го напуштат Брисел, но истовремено и официјално ги обнови разговорите со Русија, по прекинувањето на дијалогот заради руско-грузиската војна од минатат години. Москва подобрувањето на односите со Алијансата ги смета како дел од пошироките напори за приближување со Западот, и на крај со САД, но засега е неизвесно како протерувањето на нејзините дипломати ќе се одрази на овој процес на приближување, пишува коментаторот на Reuters.Портпаролот на НАТО, Џејмс Апатуреј не сакал да го коментира случајот со „разузнавачките податоци“, а како што информираше руската новинаска агенција Interfax, Кремљ и официјално го потврди протерувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

