Македонија
Скопје со најголем процент на криминал
Повеќе од половина кривични дела во првата половина на 2009. година се регистрирани на подрачјето на Скопје, 6.285 дела односно 51,4 проценти од
Повеќе од половина кривични дела во првата половина на 2009. година се регистрирани на подрачјето на Скопје, 6.285 дела односно 51,4 проценти од класичниот криминал.
По Скопје, следи Тетово со регистрирани 1.229 дела, Куманово со 1.063 дела, Битола со 957 дела, Струмица со 922 дела, Штип со 609, Охрид со регистрирани 593 и најмалку дела се регистрирани на подрачје на Велес-557.
Најголем број дела отпаѓаат на тешките кражби 5.607 или 45,9 проценти, додека останатите дела се застапени во помал број.
Од потешките облици на кривични дела со елементи на насилство се регистрирани вкупно 492 кривични дела од кои 17 убиства, 13 убиства во обид, 115 тешки телесни повреди, 20 изнуди, две уцени, 15 противправни лишувања од слобода, осум грабнувања и 302 разбојништва.
Ова полугодие се извршени 17 убиства и тоа на подрачје на Скопје – шест, три во Охрид, по две во Прилеп и Куманово, и по едно во Тетово, Крива Паланка, Велес и Штип. Мотивите најчесто биле семејни расправии, раскинати љубовни врски, нерасчистени имотни односи, како и меѓусебни расправии./крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај.
· од 07:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците: Божин Николов, Хаџи Трајко и Горно Лисиче (во делот кон село Долно Лисичче) во општина Аеродром;
· од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во општина Сарај;
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода.
Македонија
Студен бран со врнежи од дожд и снег
Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.
Македонија
Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Сарај
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај, а задутре корисниците од општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисиче.
Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.
Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.