Македонија
Македонски фирми може да аплицираат за проекти на Европската комисија

Македонските претпријатија имаат можност рамноправно да учествуваат за проекти од ЦИП програмата на Европската комисија со буџет од над 3,6 млрд евра
Македонските мали и средни претпријатија имаат можност рамноправно да учествуваат за проекти од ЦИП програмата на Европската комисија, чиј буџет е над 3,6 милијарди евра.
Ова беше истакнато не денешната Конференцијата за можностите на Република Македонија за учество во Програмата за конкурентност и иновации-ЦИП.
ЦИП програмата е за периодот од 2007-2013 година, а Македонија може рамноправно да учествува со свои проекти, како земја кандидат за членство во Европската унија. Квалитетот на понудениот проект е основен критериум при изборот.
Структурата на ЦИП програмата се состои од три компоненти: Програма за претприемништво и иновации (2,17 млрд. евра), Поддршка на политиките за информациско-комуникациски технологии (728 млн. евра) и Интелигентна енергија во Европа (727 млн. евра).
Главна цел на програмата е да ја зголеми конкурентноста на малите и средни претпријатија, така што ќе го зајакне нивниот капацитет за иновирање.
Тоа што гарантира раст и подобар стандард на една економија е подобрената конкурентност. И на Македонија која претендира да стане дел од ЕУ, она, што на долг рок ќе и гарантира поголем економски раст и подобар стандард е подобрување на конкурентноста, изјави министерот за економија Фатмир Бесими.
Тој најави дека министерството на економија во текот на годината ќе одржи повеќе трибини и средби со стопанствениците со цел непосредно да ги запознае со можностите и како да се стигне до фондовите на ЕК./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Македонија
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.
Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.
Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.
27. „Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.