Црна хроника
Пијан тетовец го малтретирал семејството, а потоа ги нападнал и полицајците
Пијан тетовец кој бил пријавен за семејно насилство, нападнал и еден од полицајците кои дошле во неговиот дом.
Инцидентот се случил во саботата спроти неделата вечерта околу 3 часот во тетовското село Јанчиште. Дваесет иседумгодишниот тетовец бил пријавен за семејно насилство. Тој најпрвин започнал да се кара со полицајците кои дошле да постапуваат, а потоа и физички нападнал еден од полицајците.Осомничениот бил приведен и со него е извршен разговор како и алкотестирање при што му е утврдено 1,68 промили алкохол во крвта. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.