Спорт
Дури 25 фудбалери се на списокот на Мурињо против Барселона
Дури 25 фудбалери на Интер се најдоа на списокот на тренерот Жозе Мурињо за утрешниот реванш натпревар против Барселона од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Дури 25 фудбалери на Интер се најдоа на списокот на тренерот Жозе Мурињо за утрешниот реванш натпревар против Барселона од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Во тимот се најдоа и суспендираниот Дејан Станковиќ, четвртиот голман Вид Белец, Весли Снајдер кој се жалеше на проблем со мускулите а и Марио Балотели кој не е во најдобри односи со Мурињо.
На списокот на Мурињо е и македонскиот репрезентативец Горан Пандев, но сеуште не е потврдено дали ќе биде во стартната постава.
Целосната листа на фудбалери на Интер гласи: Франческо Толдо, Хулио Цезар, Паоло Орландони и Вид Белец како голмани.
Во одбраната се Иван Кордоба, Хавиер Занети, Лусио, Маикон, Марко Матераци, Ввалтер Самуел, Кристијан Киву и Давиде Сантон.
Средниот ред го сочинуваат Дејан Станковиќ, Рикардо Кварезма, Тијаго Мота, Весли Снајдер, Сули Мунтари,Рене Крин, Марига, Естебан Кампијасо.
Нападот го предводат Диего Милито, Горан Пандев, Марио Балотели и Марко Арнаутовиќ.
Интер ја победи Барселона во првиот натпревар на Џузепе Меаца со резултат 3:1./крај/гол/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал прв обезбеди пласман на Ф4 во Берлин
Кошаркарите на Реал Мадрид први се пласираа на фајнл-форот во Евролигата. Актуелните шампиони серијата против Басконија ја добија со 3:0.
Третиот натпревар од серијата се одигра во „Фернандо Буеса“, во Виторија, Реал победи со 102:98.
Најефикасен во тимот на Чус Матео Бои беше Гершон Јабуселе со 23 поени, седум скока и три асистенции. Се истакнаа и хрватскиот кошаркар Марио Хезоња со 16 поени, четири скока и две асистенции и една топка, односно Факундо Кампацо со 13 поени, четири скока, осум асистенции и Валтер Тавареш со 12 поени, 13 скокови и четири блокади.
Најистакнати во тимот на Басконија беа плејмејкерите Маркус Хауард (29 поени, по два скока и асистенции) и Коди Милер-Мекинтајр (17 поени, четири скока, 11 асистенции, две украдени топки). Двициврени беа и Никос Рогкавопулос со 18 поени, четири скока и Вања Маринковиќ со 17 поени и четири скока.
Завршниот турнир во Берлин ќе се одржи од 24. до 26.мај, актуелниот шампион во полуфиналната пресметка со победникот од серијата Барселона-Олимпијакос.
Спорт
(Видео) „Милионерите“ чекор поблиску до финалето – Филкруг му пресуди на ПСЖ
Борусија Дортмунд го совлада Пари Сен Жермен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Милионерите“ забележаа победа 1:0 на „Вестфален“. Херој на „жолтиот ѕид“ беше Никлас Филкруг.
Борусија во првото полувреме, беше подобра само сза тој еден гол, иако всушност до самиот крај на првиот дел од натпреварот ниту еден од тимовите немаше изгледни шанси.
Се играше 36. минута кога Шлотенберг од половината на парижаните ја испрати топката до Филкруг. Овој ја прими брилијантно, повлече напред, се избори со Лукас Ернандез и го совлада Донарума.
Борусија имаше две одлични шанси во самиот финиш на првото полувреме, но Донарума беше на висината на задачата и го спаси својот тим.
Во вториот дел и двете екипи го зголемија својот ритам. Пари Сен Жермен тргна крајно офанзивно во вториот дел од натпреварот.
Стативата од голот на Кобел се тресеше два пати за само десет секунди во 51. минута. Прво се обиде Мбапе, ја погоди стативата, топката се врати кај гостите, по што се обиде и Хакими, но овојпат се затресе статива.
Набргу потоа Борусија имаше шанса да ја зголеми предноста, но одличната аситенција на Санчо, Филкруг не успеа да ја претвори во гол. До крајот ПСЖ два пати опасно се закани преку Фабијан Руиз и еднаш преку Дембеле, а втор гол на домаќинот спречи Маркињос кој во последен момент го блокираше Бранд.
Реваншот е следниот вторник во Париз.
Спорт
Парма се врати во Серија А
Со нерешениот резултат 1:1, на стадиното „Свети Никола“ против Бари, Парма се врати во Серија А. Култниот италијански клуб, на две кола до крајот на сезоната во Серија Б има седум бода повеќе од третопласираната Венеција.
Историјата на Парма во последниве години беше сè само не сјајна. Клубот згасна, па повторно оживеа во 2015 година.
Во следните три години, Парма стана првиот клуб кој остварил промоција во повисок ранг во три последователни сезони и успеа да се врати во Серија А, каде што остана до сезоната 2020/21, Во таа сезона забележа само три победи и повторно испадна во понизок ранг.
Минатата година навивачите беа разочарани по плеј-офот, а сега Парма го обезбеди најмалку второ место и враќање во елитата.