Црна хроника
Обвинетиот за сообраќајката кај „Зебра“ ја призна вината и изрази каење

Обвинетиот за сообраќајката што се случи кај ТЦ Зебра, во којашто животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска-Павловска ја призна вината и изрази длабоко каење за она што со сторил.
„Притворот лошо влијае на мене. Изразувам длабоко сочувство и каење за тоа што се случи тој кобен ден. Чувствувам голема душевна болка. Помислата дека одзедов човечки живот ме доведе до психичко растројство. Ми ги уништи сите планови, за да основам семејство со мојата девојка. Наркотиците одзедоа голем дел од мојата младост. Неколку месеци бев чист, но повторно им се вратив“, рече пред судот 37-годишниот Бојан Блажевски, мислејќи на тоа дека повторно прима метадонска терапија.
Тој рече дека по несреќата и пружил прва помош на новинарката, но не успеал да ја реанимира.
Според обвинителството, обвинетиот ја сторил несреќата со умисла поради дејството на алкохол и дрога и големата брзина од 83 км на час со која се движел во центарот на градот.
Обвинетиот со огромна брзина наместо по десната коловозна лента се движел по левата коловозна лента, најверојатно за да претекнува и во еден момент ја изгубил контролата и завртел на левата страна во сервисната уличка каде по тротоар се движела новинарката Павловска.
Обвинетиот ја прегазил и преку тревникот, бетонски скали и метална ограда заврши во фризерски салон.
На крајот на своето излагање обвинетиот рече дека тој ден немал никаква умисла да одземе човечки живот.
Со оглед дека обвинетиот ја призна вината судот треба да ја одреди висината на казната, но поради некомплетна медицинска документација, која што е дел од доказите на одбраната, судењето ќе продолжи за половина час.
Во судницата беа присутни роднини на починатата и на обвинетиот. Сопругот на павловска пријави имотно-правна штета./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.