Спорт
Снегот ја одложи свечената промоција на болидот на Ферари
Поради силните снежни врнежи кои ја зафатија Италија, Формула 1 тимот Скудерија Ферари, мораше да ја откаже свечената промоцијата на новиот болид, која беше закажана за в петок.
Поради силните снежни врнежи кои ја зафатија Италија, Формула 1 тимот Скудерија Ферари, мораше да ја откаже свечената промоцијата на новиот болид, која беше закажана за в петок. Ферари, објави на својата Твитер страница, дека во седиштето на тимот, во Маранело и понатаму паѓа снег, па поради тоа презентацијата, на која беа поканети 300 гости, е откажана. Со снег е прекриена и патеката во Маранело на која Фернандо Алонсо и Фелипе Маса, треба да ги извозат првите кругови со новиот болид, пред екипата да замине на тестирања во Шпанија. Ферари, од новиот болид, чии слики утре треба да бидат објавени на интернет, имаат големи очекувања. Ферари, последната шампионска титула ја освои во 2007 година, кога светски првак стана Кими Раиконен, лани италијанскиот тим, во конкуренција на конструктори заврши зад Ред Бул и Мекларен. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тел сепак заврши во Тотенхем
Францускиот фудбалер Матис Тел, во последните минути од преодниот рок му се приклучи на Тотенхем на позајмица.
Планот на Тотенхем беше веднаш да го откупи неговиот договор, но Баерн инсиситирал на позајмица до крајот на сезоната.
Тотенхем за шест месеци ќе може да го купи Тел за 60 милиони евра.
Тел е член на клубот од Минхен од летото 2022 година, кога пристигна од Рен за 20 милиони евра.
Не играше многу оваа сезона, само 14 натпревари, најчесто како резерва.
Вкупно за Баерн одигра 83 натпревари, постигна 16 гола и забележа седум асистенции.
Спорт
Дурент ќе се врати во Голден Стејт Вориорс?
Изненадувачкиот трејд на Лука Дончиќ од Далас во ЛА Лејкерс ги инспирираше другите тимови да пробаат нешто слично.
Во американските медиуми кружат гласини дека Феникс Санс добиле повеќе понуди за Кевин Дурент.
Дурент најмногу се поврзува со Голден Стејт Вориорс. Дурент играше во Вориорс од 2016 до 2019 година, освои две шампионски титули.
Дурент има уште една година од договорот со Феникс, а ќе заработи 54 милиони долари.
На Санс не им оди баш најдобро оваа сезона, имаат скор 25-23 и моментално се осми на Западот.
За потсетување, Дурент беше МВП на финалето во 2017 и 2018 година, како и најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во 2014 година.
Тој играше на Ол-стар натпреварот 15 пати, а во шест пати се најде во најдобрата постава во НБА.
Спорт
Манчестер сити потроши повеќе од сите 19 премиерлигаши заедно
Манчестер Сити, во зимскиот преоден рок потроши 180 милиони фунти (206 милиони евра) за четири засилувања, останатите 19 премиерлигаши потрошија 177 милиони фунти за нови играчи.
Зимскиот преоден рок во Англија заврши, а во фокусот на вниманието беше Манчестер сити. На „Граѓаните“ не им е лесно оваа сезона, моментално се петти на табелата со 15 бода помалку од лидерот Ливерпул, што донекаде ги објаснува активностите на трансфер пазарот што ги презеде менаџерот Пеп Гвардиола.
„Клубот на Гвардиола потроши 180 милиони фунти за четири засилувања во јануари, останатите 19 премиерлигаши потрошија 177 милиони фунти за нови играчи“, обајви британскиот јавен сервис, Би-би-си.
Аргентинецот Нико Гонзалес официјално потпиша неколку минути пред полноќ и тој е најновото, четврто засилување на Сити оваа зима. Тоа беше и најголемиот трансфер во Англија во последниот ден од преодниот рок. Порто ќе добие отштета од 50 милиони фунти (околу 60 милиони евра).
Претходно од Ајнтрахт Франкфурт пристигна Египќанецот Омар Мармуш за 59 милиони фунти (околу 70 милиони евра), Узбекистанецот Абдукодир Хусанов од Ленс за 33,6 милиони фунти (околу 40 милиони фунти) и Бразилецот Витор Реис од Палмеирас за 29,6 милиони фунти (околу 36 милиони евра).
Во исто време, тоа е второто најголемо трошење на еден клуб во зимскиот преоден рок досега. Челзи во 2023 година, потроши рекордни 330 милиони евра (275 милиони фунти) на нови играчи.