Свет
Над 40 лица ранети во експлозија во Дагестан
Најмалку 42 лица се ранети, во експлозија на бомба што доцна синоќа се случи во Махачкала, главен град на немирната руска република Дагестан, јави агенцијата Интерфакс.
Најмалку 42 лица се ранети, во експлозија на бомба што доцна синоќа се случи во Махачкала, главен град на немирната руска република Дагестан, јави агенцијата Интерфакс.
Како што изјави денеска портпаролот на дагестанското министерство за внатрешни работи Владимир Маркин, овој напад, во кој експлозијата ја активирал бомбаш самоубиец, е класифициран како терористички акт.
Бомбашот самоубиец се разнел во безбедносната зона додека полицијата спроведувал антитерористичка операција на булеварот Акушински во Махачкала, пренесува РИА Новости.
Според различни извори на агенцијата меѓу повредени има и полициски офицери и цивили, меѓутоа нема информации за тежината на повредите. /крај/см/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелски министер се закани со оставка: Овој договор е опасен
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич упати „суптилна“ закана дека ќе поднесе оставка доколку биде принуден да ги прифати условите од договорот за прекин на огнот со Хамас во замена за заложници, јавува Си-Ен-Ен.
„Договорот што ќе и биде претставен на владата е лош и опасен за националната безбедност на Државата Израел. Ние се спротивставуваме на договорот со сите сили“, рече екстремно десничарскиот политичар, кој изјавата ја даде во име на неговата Религиозна Ционистичка партија, која се противи на какви било отстапки за Хамас.
Тој додаде дека е јасен условот таа партија да остане во Владата.
„Јасен услов е да бидеме апсолутно сигурни дека ќе се вратиме во војната со голема сила, во полна мера и во нова конфигурација, додека не постигнеме целосна победа, а тоа е уништување на терористичката организација Хамас и враќање на сите киднапирани луѓе во нивните домови“, рече Смотрич.
Свет
Индонезија започна евакуација на 3.000 жители поради ерупција на вулканот Ибу
Индонезиските власти почнаа да евакуираат околу 3.000 жители во близина на вулканот Ибу на островот Халмахера, откако вулканот еруптираше и исфрли пепел во висина од четири километри, соопшти тамошната агенција за катастрофи.
Ерупцијата на вулканот Ибу се случи вчера наутро и траеше околу две минути, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво во околните области, објави Ројтерс.
„Ситуацијата на теренот во моментов е стабилна“, изјави портпаролот на Индонезиската агенција за намалување на ризикот од катастрофи, Абдул Мухари.
Тој претходно изјави дека во близина на вулканот живеат околу 13.000 луѓе.
Ерупцијата е само последна во низата вулканска активност во Индонезија, која се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“ и има 127 активни вулкани. Вулканот Ибу имаше серија ерупции минатата година, а во мај жителите од седум околни села мораа да бидат евакуирани.
Свет
(Видео) Лансирана е ракетата на Безос
Лансирањето на ракетата „Њу Глен“ од компанијата Blue Origin на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано пред неколку дена во последен момент поради технички проблеми.
Но, околу триесет ката висока и дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата „Њу Глен“ беше лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида.
Овој беспилотен тест лет е предвиден да ја демонстрира технологијата во вселената за потребите на Blue Origin. Главната цел на мисијата е да докаже дека Њу Глен може да стигне до орбитата, што би го отворило патот за посложени мисии во иднина.
The NG-1 countdown clock is proceeding. The three-hour launch window opens at 1 a.m. EST (0600 UTC).
Live webcast begins here 20 minutes before launch.https://t.co/wDtmxoDKRs
— Blue Origin (@blueorigin) January 16, 2025