Свет
Кристчрч погоден од два нови земјотреса
Новозеландскиот град Кристчрч е погоден од два потреси, од кои едниот со магнитуда од 5 степени според Рихтер, но не се предизвикани поголеми штети и нема жртви.
Новозеландскиот град Кристчрч е погоден од два потреси, од кои едниот со магнитуда од 5 степени според Рихтер, но не се предизвикани поголеми штети и нема жртви.Овој град на 22-ри февруари беше погоден од земјотрес со силина од 6,3 степени според Рихтер при што загинаа повеќе десетици луѓе и беше причинета голема материјална штета. Денешниот земјотрес предизвика голема паника кај жителите, кои се уште се справуваат со штетите од претходниот земјотрес.Епицентарот на земјотресот бил на 22 километри од градот и на длабочина од само три километри, соопшти американската Геодетска служба.Новозеландските медиуми потсетуваат дека ова е шести земјотрес од кога во септември минатата таа област беше погодена од земјотрес со силина од 7,1 степен според Рихтер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

