Свет
Го нарачал сопственото убиство па го обвинил претседателот
Адвокат е убиен во главниот град на Гватемала со три куршума во главата и по еден во вратот и грбот, а за сопствената смрт претходно го обвинил политичкото раководство на државата предизвикувајќи политичка криза
Интересно е што Родриго Розенберг всушност сам го нарачал платениот убиец кој го извршил својот дел од договорот откако адвокатот претходно ја снимил својата видеопорака. Во неа тој го обвинува претседателот на Гватемала Алваро Колом и неговите соработници.Снименото сведочење во траење од 18 минути било презентирано на погребот на адвокатот Розенберг, а потоа поставено е на интернет и предизвика политички бранувања во оваа средноамериканска држава.Розенберг инаку самиот ја смислил пеколната одмазда за претседателот, пишуваат весниците во Гватемала Сити. Истрагата што ја спровеле претставници на Обединетите нации, дошла до резултат дека адвокатот кој бил во депресија поради приватни проблеми, а истовремено бил гневен на власта, самиот го изрежирал сопственото убиство. Карлос Кастресана кој ја предводел истражната комисија на ОН рекол дека заклучиле дека 47-годишниот Розенберг, школуван на престижниот американски универзитет Харвард, ја смислил целата ситуација.„Тој решил да си го жртвува животот во замена за промени во државата. Друго објаснување нема“, рекол Кастресана. Левичарскиот гватемалски претседател Колом соочен со протестите на кои се бараше неговата оставка, со олеснување рекол дека по завршувањето на истрагата државата може да продолжи да функционира. Откако бил претставена, видеопораката постојано била емитувана на телевизиските станици, снимена на ДВД, а постигнува и рекордна гледаност на YouTube. На снимката адвокатот гледа во камерата и вели дека неговиот живот е во опасност заради корупциските афери на претседателот и неговата сопруга, како и на високите државни функционери. „Ако ја гледате оваа снимка, тоа значи дека ме убил Алваро Колом“, вели Розенберг на снимката. Но истрагата покажала дека тој бил во голема депресија поради тешкиот развод, смртта на неговата мајка и убиството на неговиот клиент Хаиле Муса и неговата ќерка Мархори која била љубовница на Розенберг, а за што исто така го обвинува претседателот Колом. Тој ги замолил двајцата браќа Франциско и Естуардо Валдез Паиз и братучед на неговата прва жена да најдат платен убиец, тврдејќи дека има проблеми со уценувачи. Тоа не било тешко со оглед на тоа дека Гватемала е држава со најголема стапка на убиства во светот, па за 40 илјади долари лесно се нашол платеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина се противи на конфискацијата на замрзнатиот руски имот
Кина е против какви било еднострани дејства што го кршат меѓународното право и не се одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун, коментирајќи ја ситуацијата во врска со конфискацијата на замрзнатите руски средства.
Гуо изјави за „Спутник“ дека сите страни треба да создадат позитивна атмосфера и позитивни услови за решавање на украинската криза, а не обратно.
Тој истакна дека Кина води независна и мирна надворешна политика и дека нејзината позиција во врска со украинскиот конфликт е конзистентна и јасна, односно дека ги поддржува сите напори насочени кон постигнување фер, траен мировен договор што е можно побргу преку дијалог и преговори.
На 12 декември Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на руските средства.
Европската комисија очекува дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра замрзнати руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани во Euroclear во Белгија.
Белгија се спротивставува на конфискацијата и бара од земјите членки на ЕУ гаранции дека земјите ќе го споделат ризикот во случај на последици од таков потег.
ЕУ ѝ понуди на Белгија три гаранции во врска со конфискацијата на руски средства со цел да ја поддржи Украина, но белгиските власти сметаат дека тоа не е доволно за земјата да се одлучи за таков чекор, објави „Политико“, пренесува „Танјуг“.
Во меѓувреме, Централната банка на Русија поднесе тужба против Euroclear за сума од речиси 193 милијарди евра поради обидот на Европската Унија да заплени замрзнати руски средства.
Фото: депозитфотос
Регион
Храната за бебиња „аптамил АР1“ повлечена од пазарот во Хрватска
Поради зголеменото присуство на бактеријата Bacillus cereus, хрватскиот Државен инспекторат го повлече од пазарот „аптамил АР1“, формула за бебиња, произведена од Nutricia Export BV од Холандија, соопшти Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH).
Ова е исклучиво за производот од 400 g (храна за посебни медицински потреби) со рок на траење до 17.5.2026 година и ЛОТ: 111444865. Дистрибутер на производот на хрватскиот пазар е AWT International d.o.o.
Производот не е во согласност со регулативата на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на општите принципи и барања на законодавството за храна, основање на Европскиот орган за безбедност на храната и утврдување процедури во прашањата за безбедност на храната и водичот за микробиолошки критериуми за храна, објави 2Индекс.хр“.
Свет
Фон дер Лајен: Обврска на Европа е да биде одговорна за сопствената безбедност
Европа мора да биде одговорна за сопствената безбедност, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Ова повеќе не е опција. Тоа е обврска“, изјави Фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур, објави „Ројтерс“.
Таа објави дека Европа „не може да си дозволи да им одобри на другите да го дефинираат нејзиниот поглед на светот“.
Таа исто така додаде дека иако стратегијата за национална безбедност на САД е точна кога вели дека уделот на Европа во глобалниот БДП се намалува, САД исто така, како што изјави таа, се на истиот пат.
Во новата стратегија за безбедност на САД, што неодамна беше објавена, европските земји се опишани како ослабени сили што го отстапиле својот суверенитет на Европската Унија.
Во документот Европа е повикана и да преземе одговорност за сопствената одбрана, пренесува „Танјуг“.
Фото: депозитфотос

