Свет
Странците вадат руда и не и плаќаат на државата
Најголем дел фирмите што ги добија македонските рудници не и плаќаат на државата за користење на рудното богатство. Ова го кажуваат домашни експерти, а го потврдуваат и во Министерството за економија, каде што, пак, не ги откриваат имињата на претпријатијата што не плаќаат концесија за рудниците, а кои најмногу се со странски капитал.
РУДНИЦИТЕ ОСТАВЕНИ НА НЕМИЛОСТ
Најголем дел фирмите што ги добија македонските рудници не и плаќаат на државата за користење на рудното богатство. Ова го кажуваат домашни експерти, а го потврдуваат и во Министерството за економија, каде што, пак, не ги откриваат имињата на претпријатијата што не плаќаат концесија за рудниците, а кои најмногу се со странски капитал.
И покрај ваквите состојби, државата нема механизам да им го одземе правото на концесија на неодговорните корисници иако веќе имало други заинтересирани фирми што сакале да ги работат македонските рудници.
Во Министерството за економија, кое е надлежно за рудниците, велат дека концесионерите што не плаќаат имаат договори постари од пет години и во нив нема одредби врз чија основа државата може еднострано да ги раскине. Во овој ресор изјавуваат и дека дел од рудниците дадени под концесија не работат бидејќи концесионерите не ги користат правата за ископување руда и минерали.
– Во поновите договори за концесија се вметнати одредби, според кои, доколку корисникот на правото за експлоатација на рудните богатства не плаќа или работи спротивно на обврските, државата може еднострано да го раскине договорот и да бара одговорност од закупецот – информираат во Министерството. Оттаму тврдат дека новите закупци редовно ги плаќале давачките за концесија.
Стручњаците, пак, укажуваат дека концесиите за рудниците се проблематични и поради тоа што никој не контролира колку руда се ископува.
– Според сегашните законски решенија, концесијата се плаќа врз основа на квадратурата на рудното наоѓалиште и на богатството со кое тоа располага. Во подготовка е нов закон за концесија, во кој, најверојатно, ќе биде предвидено висината на концесијата да се одредува врз основа на количествата руда што закупецот ќе ги експлоатира за одреден временски период – објаснува експертот Стојмир Домазетовски.
Во Министерството за економија велат дека проблемот со утврдувањето на висината на концесиите ќе се реши многу скоро со нов закон и правилник.
– Со новиот закон ќе се редефинираат сите обврски кои произлегуваат од концесионите права, експлоатацијата на рудните богатства и плаќањето на концесијата. Се разгледуваат неколку варијанти кои би требало да донесат решение што ќе биде по мерка и на државата и на концесионерите. Една од можностите е во договорот прецизно да бидат утврдени количествата руда кои закупците ќе можат да ги експлоатираат и врз чија основа ќе се одредува висината на концесијата. Втората варијанта е искористувањето на рудните богатства да се контролира преку извозни декларации. Решението најверојатно ќе биде комбинација на двете опции – велат во Министерството за економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

