Свет
Фатах и Хамас ги продолжуваат разговорите за формирање палестинска влада
Неодамна помирените палестински движења Фатах и Хамас ги продолжуваат разговорите на највисоко ниво за единствена автономна влада на национално единство, изјави во четвртокот за радиото „Гласот на Палестина“, Азрам ал- -Ахмад, водачот на делегацијата на Фатах во преговорите со Хамас.
Неодамна помирените палестински движења Фатах и Хамас ги продолжуваат разговорите на највисоко ниво за единствена автономна влада на национално единство, изјави во четвртокот за радиото „Гласот на Палестина“, Азрам ал- -Ахмад, водачот на делегацијата на Фатах во преговорите со Хамас. Претходно израелските медиуми објавија информации дека разговорите за владата на национално единство меѓу двете фракции се замрзнати. „Постојат речиси секојдневни контакти меѓу нас и нашите браќа во Хамас, околу договарањето за формирање влада“, рече Азрам ал-Ахмад. Во Каиро на 4-ти мај беше потпишан договор за палестинско помирување меѓу Фатах, предводен од лидерот на Палестинската национална администрација (ПНА) Махмуд Абас, и претставници на исламистичкото движење Хамас, кое го контролира појасот Газа. Во документот се вели дека е донесена одлуката за спроведување избори и формирање преодна влада на национално единство. Се претпоставува дека во таквата влада ќе влезат независни кандидати. Владата ќе ги подготви општите претседателски и парламентарни избори во рок од една година под покровителство на Обединетите нации, Арапската лига и други меѓународни и невладини организации. Ал-Ахмад вели дека двете страни немаат друга опција освен да се договорат за влада, којашто ќе придонесе за исполнување на договореното за целосното помирување. Тој, исто така, негираше дека формирањето на владиниот кабинет може да биде оставено за подоцна, додека бидат исполнети другите точки од договорот.„Формирањето влада значи прекинување на поделбата … Ние сакаме да се постигне нормална атмосфера за надминување на разликите“, вели ал-Ахмад. Околу критиката од лидерите на Хамас на адреса на владејачкото на Западниот брег движење Фатах, дека спротивно од постигнатото помирување сé уште се апсат исламистички активисти, ал-Ахмад вели дека постои договор по прашањето за затворениците, но сé уште се чека реализација на договорот во целина. Лидерот на Фатах додаде дека продолжувањето на несогласувањата одат во полза Израел, „кој сака да ја задржи својот окупација на палестинските територии и исклучување на каква и да е можност за постигнување мир во регионот.“/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат
Глобална трансформација е пред нас, истакна денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година“, наведе Орбан во објава на Фејсбук.
Тој рече дека најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ.
„Ова е нашиот пат. Патот на мирот, со дела, а не со зборови“, истакна унгарскиот премиер.
Орбан додаде дека тоа е спротивно на патот на Брисел, кој вклучува воени планови, средства на ЕУ кои, според Орбан, методично се крадат во Украина.
Фото: Depositphotos
Свет
Лавров: Западот сам се изолира, поттикнува антируска хистерија
Западот, обидувајќи се да ја изолира Русија, дозволи крајно срамни ситуации на мултилатерални настани, а на крајот дојде до самоизолација на западниот свет, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Имаше апсолутно срамни ситуации кога на меѓународни настани, како што е Г20, се договорија да не се ракуваат со руските претставници. Кога нè гледаа во ходниците во близина на салата за состаноци, се преправаа дека го тргаат погледот и бегаа од нас – возрасни луѓе“, рече Лавров во интервју за време на манифестацијата „Јолка желја“ (Божиќна желба), пренесе ТАСС.
Тој додаде дека Русија активно ја развива дипломатијата со она што сега го нарекува „глобално мнозинство“ во Азија, Африка и Латинска Америка, истакнувајќи дека Западот, всушност, сам се изолирал. Лавров, исто така, ги критикуваше европските политичари дека поттикнуваат антируска хистерија.
Свет
Министрите на Германија, Франција и Полска на состанок за поддршка на Украина
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска денес попладне ќе одржат состанок на таканаречениот „Вајмарски триаголник“, а форматот ќе биде доминиран од темата за поддршка на Украина, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Радослав Сикорски ќе се сретнат во Париз, еден ден откако Елисејската палата беше домаќин на самитот на „коалицијата на подготвените“, на кој беше изразена намера Франција, Велика Британија и партнерските сили да испратат воени единици во Украина во случај на мировен договор со Русија.
По состанокот на лидерите на коалицијата, американската делегација и украинскиот претседател Володимир Зеленски беше потпишана заедничка декларација за безбедносни гаранции за Киев, во која се наведува и дека Соединетите Американски Држави ќе интервенираат воено во случај на нов напад од Русија, како и дека ќе го водат механизмот за надзор на почитувањето на прекинот на огнот.
На состанокот на Вајмарскиот триаголник, формат покренат во 1991 година во истоимениот германски град, подоцна денеска треба да му се придружи и индискиот министер Субрахманијам Џајшанкар, со кого ќе се разговара и за зајакнување на односите меѓу Европската Унија и Индија, но и за предизвиците во регионот на азиско-пацифичкиот простор.
Фото: Depositphotos

