Контакт

Свет

Јапонската влада ќе ја поттикнува економијата со поголемо вработување на жените

Објавено пред

Најновиот план на јапонскиот премиер Шинзо Абе за радикална реорганизација на Јапонија е амбициозна цел со кој сака да го зголеми бројот на вработени жени и да ја намали долготрајната нерамнотежа меѓу половите на тамошниот пазар на трудот, објавија американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

 

 

Нема сомневање, пишува Wall Street Journal,  дека на Јапонија очајнички и се потребни повеќе вработени жени. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој(ОЕЦД), Јапонките се меѓу најобразованите во светот, со оглед дека 42,5 отсто имаат некој вид образование по завршувањето на средното училиште.

 

Но, само 67,5 отсто од Јапонките имаат работа, вклучувајќи и повремена работа. Во извештајот на инвестициската банка Goldman Sachs од 2010 година се проценува дека јапонската економија, под услов стапката на вработеност на жените биде иста со онаа на мажите, односно околу 80 отсто, би забележала раст на активноста и до 15 отсто.

 

Според информации на добро упатените во јапонските состојби, целта на премиерот е до 2020 година за пет отсто да го зголеми бројот на вработени жени на возраст од 25 до 44 години.

 

За таа цел, Абе предлага закон со кој на големите компании им се наложува да осмислат и објават планови за подобрување на улогата на жената во нивното работење. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико

Објавено пред

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.

dobivaj vesti na viber

Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.

„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Свет

Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат

Објавено пред

Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.

dobivaj vesti na viber

Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.

Бербата започнува веќе во октомври.

Прикажи повеќе...

Свет

Тони Блер: Бомбардирањето на НАТО беше правилно, стојам со народот на Косово

Објавено пред

Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, во Приштина истакна дека „интервенцијата на НАТО пред 25 години била вистинската работа“ и дека „застанува со граѓаните на Косово“.

dobivaj vesti na viber

„Да се ​​биде овде, буди длабоки емоции. Му честитам на народот на Косово за храброста и непоколебливата решителност да ја искористат за ослободување на земјата. Тогаш се уверив дека тоа е вистинската работа и денеска стојам со народот на Косово со убедување“, рече Блер на заедничката конференција со претседатката на Косово, Вјоса Османи.

Блер додаде дека очекува Косово во иднина да стане дел од Европската Унија.

„Овде се случуваат многу позитивни работи, кои се добри за целиот свет. Едвај го чекам денот кога Косово ќе го заземе своето место во европското семејство“, изјави Блер.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Наставниците и професорите ќе добијат покачување на платите за 5 отсто

Наставниците и професорите од основното и средното образование, ќе добијат покачување на платите за 5 проценти, почнувајќи од октомвриската плата....

Македонија3 часа

МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички

МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на...

Македонија4 часа

Aхмети му се пожали на бугарскиот амбасадор: Албанците избрани од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од Европа

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Бугарија во Скопје, Жељазко...

Македонија4 часа

„Вреди“ подготвува нов закон за правична застапеност, но не само за етничките заединици, туку и за маргинализираните групи

Коалицијата „Вреди“ подготвува закон за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела, најави министерот за здравство,...

Македонија6 часа

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега наместо раст Владата враќа нивни долгови

Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, велат...

Свет8 часа

Американски војник (24) осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држава

Припадник на американската армија е осуден на 14 години затвор поради обид да и помогне на Исламска држава во извршувањето...

Свет8 часа

Италија, Франција и Шпанија до Израел: Бесни сме

Соединетите Држави и европските земји го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица војници на...

Топ1 ден

Уапсен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево, ги оштетувал иконите кај крстот

Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го...

Македонија1 ден

(Видео) „ВРЕДИ нема знаење и храброст да направат повеќе за учениците и студентите Албанци“, велат од ДУИ

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција ја презентира „долгата листа на неуспеси на владината коалиција во образовниот сектор“. „Овде...

Топ1 ден

(Фото) Апсење во Скопје: пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Регион1 ден

(Видео) Ураганот Кирк денеска ќе зафати дел од Балканот: направи хаос во Шпанија и Португалија

Дел од Балканот, поточно Бугарија, денеска ќе биде зафатен од ураганот Кирк, кој вчера предизвика хаос во Европа. Ураганот Кирк...

Македонија1 ден

Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје...

Свет1 ден

(Видео) Воздушните снимки го откриваат вистинскиот размер на катастрофата во Флорида: ураганот Милтон остави пустош

Најмалку 16 лица загинаа кога ураганот Милтон ја погоди Флорида, предизвикувајќи поплави, силни ветрови и торнада, потврдија официјални лица за...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Демир Капија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување, велат од Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Уставниот суд да го укине т.н. Балансер, алатката за вработување според етничка припадност, со...

Европа1 ден

(Фото) Литванија постави „змејски заби“ на границата со Русија

Литванија постави противтенковски бариери познати како „змејски заби“ на мостовите што ја поврзуваат земјата со Русија. Министерството за одбрана соопшти...

Македонија1 ден

Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври, Денот на народното востание. „Дозволете ми од мое лично...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 14 загинати во ураганот Милтон, застрашувачки снимки од воздух

Потврдено е дека најмалку 14 луѓе загинале како последица на ураганот Милтон, јавува Ен-би-си Њуз. Од нив, шест лица загинаа...

Свет1 ден

(Видео) Човек кој пловел во Мексиканскиот залив држејќи се за ладилник е спасен

Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за ладилник додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се...