Европа
Камерон на средби со европските челници во пресрет на клучниот самит за Британија и ЕУ
Британскиот премиер Дејвид Камерон во петок во Брисел ќе оствари средба со претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, а во недела во Лондон ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во рамки на подготовките на самитот на ЕУ кон втората половина на февруари на кој ќе се разговара за можностите околу новиот договор со Велика Британија за нејзиното останување во Унијата.
Британскиот премиер Дејвид Камерон во петок во Брисел ќе оствари средба со претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, а во недела во Лондон ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во рамки на подготовките на самитот на ЕУ кон втората половина на февруари на кој ќе се разговара за можностите околу новиот договор со Велика Британија за нејзиното останување во Унијата.
Камерон во ноември минатата година објави четири главни области во кои бара реформи во ЕУ, како би можел на своите бирачи да им препорача да гласаат за останувањето во Унијата на референдумот кој би требало да биде одржан до крајот на 2017-та година. Референдумот би можел да биде одржан и порано, а како најверојатен можен датум се споменува јуни.
Се очекува дека претседателот на Европскиот совет Туск, по разговорите со Камерон во понеделник ќе испрати писмо до челниците на земјите членки во кои би требало да се изнесат предлозите за постигнување на компромис со Лондон.
Најтешкото прашање во преговорите со Велика Британија е прашањето за социјалната помош и слободата на движењето, односно британското барање да се ограничи со т.н. социјален туризам, односно правото на државјаните од другите членки на социјалните бенефиции во Британија.
Лондон бара работниците од другите земји членки да работат најмалку четири години во Велика Британија пред да добијат право на социјалните бенефиции кои ги имаат домашните работници, што претставува дискриминација и е во спротивност со начелата и прописите на ЕУ.
Во ЕУ истакнуваат дека сакаат да ја задржат Велика Британија, а премиерот Камерон, кој е под голем притисок од страна на својата партија, која во поголем дел е евроскептична, најавил дека ќе води кампања за останувањето во ЕУ, доколку се прифатат неговите барања, а во спротивно не може да се исклучи можноста тој да се залага за излегување од ЕУ. Самитот на кој британското прашање ќе биде едно од главните теми ќе биде одржан на 18-ти и 19-ти февруари./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.