Спорт
Прва победа на Хјустон оваа сезона
Луис Скола со 24 поени и Кевин Мартин со 21 постигнат кош беа творци на првата победа на Хјустон Рокитс во новата НБА сезона. Хјустон ја победи Минесота Тимбервулс убедливо со 120:94. Јао Минг поради повреда имаше мала минутажа и за 16 минути на паркетот постигна 13 кошеви и четири скокови. Хјустон имаше претходно пет последователни порази, а полошо стартувал само во сезоната 1982-83 кога успеа да нанижи 10 порази. И Минесота има катастрофален старт. Во седум натпревари шест пати е поразена. На овој натпревар повторно најефикасен беше Кевин Лав со 16 поени и 16 скокови, а Мајкл Бесли постигна 15 кошеви. Хјустон во ова коло дојде до првата победа, затоа пак Атланта за прв пат е поразена. На свој терен Атланта Хоукс загуби од Бостон Селтикс со 114:118. Имаше четири израмнувања во последната четвртина, но Атланта која што во третата четвртина бркаше водство на Бостон од 18 поени, не успеа да поведе. Кај поразената екипа Џо Џонсон постигна 34 поени, а Ал Хорфорд 30 но не беа доволни за победа. За Феникс Џејсон Ричардсон постигна 21 кош, а Стив Неш 19.Во останатите мечеви се постигнати следните резултати: Њујорк Никс – Филаделфија 76 96:106 (Стедмаер 21 п. 15 ск. / Елтон Бренд 20 п.)Детроит Пистонс – Г.С. Вориорс 102:97 (Ричард Хамилтон 27 п., Родни Стаки 21 п. 9 ас. , Чарли Вилануева 16 п. 10 ск. / Монта Елис 24 п., Дорел Врајт 19 п.).Л.А. Лејкерс – Портланд Трејл Блејзерс 121:96 (По Гасол 20 п., 14 ск, 10 ас., Ламар Одом 21 п. 12 ск., / Андре Милер 20 п., Николас Батум 17 п.). . крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Данска во дербито ја победи Франција
Во дербито на првото коло од Група 1 од Главната рунда на Европското првенство во ракомет, еден од домаќините, Данска, ја победи Франција со 32:29. .
Поразот од Португалија фрли сомнеж врз можностите на светскиот и олимписки шампион, но, Данска покажа во најтешкиот можен момент, против вечниот соперник Франција, дека не се откажува лесно од амбицијата да ги обедини сите титули.
Французите беа подобриот противник околу 40 минути. Данска сепак во вториот дел успеа да направи пресврт и да поведе со 20:18. „Триколорите“ не се предадоа, туку се издигнаа како феникс од пепелта. Направија серија од 5-1 и поведоа со 23:21. Водеа со 26:24, а потоа повторно Данците, на крилата на одличниот Гидсел и феноменалниот голман Нилсен, направија пресврт и остварија голема победа.
Во победничкиот тим, Гидсел го заврши натпреварот со девет гола, Питлик постигна осум. На другата страна, Мин беше најефикасен со седум гола, а Деска постигна пет гола.
Данска ќе игра против Шпанија за два дена, а Франција против Португалија во второто коло од Група 1 од главната рунда.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Црвена звезда обезбеди место во нокаут фазата во Лига Европа
Foto/ EPA
Фудубалерите на Црвена звезда победија во Малме (1:0), во претпоследното коло, во Лига Европа. Со четвртата последовна победа (интересно сите остварени со резултат 1:0), играчите на српскиот првак обезбедија место во нокаут фазата.
Дуелот на два тима, чии национални првенства се уште не се започнати, во целост им припадна на играчите од Белград.
Покрај голот што го постигна Василије Костов во 16-та минута, имаа уште неколку добри шанси, но не реализираа ниту една. Малме во текот на целиот меч само еднаш сериозно му се закани на голманот Матеус.
Црвена звезда во последното коло влегува со 13 поени и обезбеден пласман во плејофот, а со евентуална победа над Селат во Белград, наредниот четврток, веројатно ќе обезбеди и место во Топ 8.
Резултати:
Болоња – Селтик 2:2 (0:2)
/Далига 58, Роу 72 – Хате 6, Трасти 40/
Бран – Митјиланд 3:3 (1:2)
/Холм 19, Корнвиг пен 68, Солвет пен 90+10 – Ерлиќć 4, 70, Брумадо 31/
Фенербахче – Астон Вила 0:1 (0:1)
/Санчо 25/
Феенорд – Штурм 3:0 (1:0)
/Ватанабе 5, Хаџ Муса 69, Борхес 90/
Фрајбург – Макаби Тел Авив 1:0 (0:0)
/Матановиќ 82/
ПАОК – Бетис 2:0 (0:0)
/Живковиќ 67, Јакумакис пен. 86/
Викторија Пилсен – Порто 1:1 (1:0)
/Черв 6 – Џул 90/
Јанг Бојс – Олимпик Лион 0:1 (0:0)
/Мејтланд Најлс 45+1/
Спорт
Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година.
Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра.
Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член на Реал Мадрид во времето кога кралскиот клуб доминираше во Лигата на шампионите, ја потврди својата разделба со англискиот гигант.
„Од моето претставување тука и пристигнувањето на аеродромот, наидов на топол пречек од навивачите. Не само за мене, туку и за целото мое семејство. Уште првиот ден по пристигнувањето на стадионот, тие го скандираа моето име и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам. Овој клуб многу ми значи. Секогаш ќе го носам овој клуб со мене и ќе бидам навивач на Јунајтед. Во Англија, ќе носам црвено и ќе му останам лојален на Јунајтед до смрт“, рече Касемиро.
Касемиро со Манчестер Јунајтед ги освои ФА Купот и Лига Купот со Јунајтед.
Foto/ EPA

