Свет
ЕП решава за Баросо

Европскиот парламент денеска во Брисел се очекува да донесе одлука во среда да гласа за реизборот на Жозе Мануел Баросо
Европскиот парламент денеска во Брисел се очекува да донесе одлука во среда да гласа за реизборот на Жозе Мануел Баросо на чело на Европската комисија.Одлуката за гласање денеска треба да ја усвои конференцијата на претседателите на Европскиот парламент, составена од претседателот на ЕП Јержи Бузек и претседателите на политичките групи во парламентот, но е усложнета поради неизвесноста со Лисабонскиот договор.Мандатот на Европската комисија истекува на 31 октомври, а постапката за состав на нова комисија се заплеткува со Лисабонскиот договор, кој се уште не е ратификуван со сите земји членки на ЕУ.Најголема опасност за Лисабонскиот договор е референдумот во Ирска, кој е закажан за втори октомври. Ирците веќе еднаш го отфрлија Лисабонскиот договор на референдумот во јуни минатата година. Постапката се усложнува и во Чешка, а не е завршена ниту во Германија и Полска.Лисабонскиот договор предвидува поинакви правила за состав на Европската комисија, од сега важечките според договорот од Ница.Неизвесната судбина на Лисабонскиот договор, го доведува под прашање формирањето на новата Европска комисија, како и именувањето на Баросо.Затоа денеска на состанокот на Европскиот парламент се очекува да биде отворено прашањето за повторно гласање за Баросо во Европскиот парламент, откако Лисабонскиот договор ќе стапи во сила.Баросо доби поддршка од шефовите на држави и на влади на членките на Европската унија и засега е единствен кандидат за функцијата претседател на Европската комисија./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Добиваат погрешни резултати од крвни анализи – пациенти и лекари во Британија очајни

Илјадници пациенти во Велика Британија би можеле да се соочат со погрешни дијагнози поради неточни и погрешни резултати од тестовите на крвта, покажа алармантно истражување на „Би-би-си“.
„Синовис“, лабораторијата за крвни анализи за шест болници во Лондон, не успева да обезбеди точни резултати „на дневна основа“, велат лекарите.
Десетици мејлови испратени од фирмата, која заработува две и пол милијарди евра, покажуваат дека таа постојано им се извинувала на општите лекари од 2021 година за неточни резултати од тестовите поврзани со болести, вклучително и дијабетес и маларија.
Лекарите тврдат дека тоа сега е нивна „секојдневна грижа“, а проблемот е „ништо помалку од национален скандал“, објави Дејли Меил.
„Синовис“ денеска се извини за „неволјата, непријатностите и вознемиреноста“ што ги предизвика, но тврди дека неточните тестови претставуваат само дел од десетици илјади што ги обработува секој ден.
Повеќе од десетина општи лекари кои зборуваа анонимно од професионални причини рекоа дека повеќе не можат да и веруваат на компанијата.
Еден општ лекар додаде: „Никогаш немаше да ни падне на памет дека тестот на крвта може да не е сигурен. Ова сега е секојдневна грижа“.
Свет
Полска ќе забрани фотографирање на 25.000 локации

Полска ќе забрани фотографирање на илјадници локации, вклучително и пристаништа, железници, мостови и владини канцеларии, според новите закони за национална одбрана чија цел е да се спречи шпионажа, јавува полската ТВП.
Новите прописи, кои стапуваат на сила на 17 април, ќе го направат нелегално фотографирањето на приближно 25.000 локации низ целата земја, при што само 3% од тие локации се сметаат за воени објекти, остатокот е цивилна инфраструктура.
Законот е одговор на зголемените грижи за националната безбедност во Полска и Европа, по бројните напади во ЕУ поврзани со Русија и нејзините посредници од почетокот на руската инвазија на Украина.
Прекршувањето на забраната може да резултира со парични казни, апсење или конфискација на опремата.
Но, критичарите велат дека правилата се нејасни и би можеле да влијаат на обичните луѓе, а не на вистинските шпиони.
Регион
Осумгодишно момче падна од зграда во Сомбор

Осумгодишно момче паднало од четвртиот кат на зграда во Сомбор по што со тешки повреди било пренесено во болницата во Нови Сад.
Според информациите на регионалните медиуми, момчето родено 2017 година паднало од терасата на станот на четвртиот кат, најверојатно поради навалување, но ова, според написите, не е официјално потврдено.
„Детето паднало на лимениот покрив од зградата, кој се наоѓа на приземјето од зградата“, изјавил извор од истрагата.
Момчето, на кое му биле дијагностицирани тешки, животозагрозувачки повреди, по несреќата, веднаш било пренесено во здравствениот центар во Нови Сад.
Момчето е во многу сериозна општа состојба, пренесува „Блиц“. Сместено е на Институтот за здравствена заштита за деца и млади на Војводина, на одделот за интензивна нега на Детската хирургија.