Македонија
СБ: Македонија подложна на природни катастрофи
Светската банка (СБ) донесе одлука да и одобри заем од пет милиони долари на Македонија во рамките на Проектот за осигурување од ризици на катастрофи во југоисточна Европа и Кавказ.
Светската банка (СБ) донесе одлука да и одобри заем од пет милиони долари на Македонија во рамките на Проектот за осигурување од ризици на катастрофи во југоисточна Европа и Кавказ.Покрај Македонија, пет милиони долари добива и Србија, а во наредна фаза се очекува во Проектот да бидат вклучени и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија, додека Албанија се придружила со одвоено финансирање.„Македонија и Србија се особено подложни на ризик. Податоците од последните 20 години откриваат тренд на постојан пораст на зачестености на природните несреќи, како и силни и интензивни поплави“, стои во соопштението.Според податоците на СБ, во перидот помеѓу 1986 до 2006, поплавите сочинуваа 44 проценти од природните и технолошки катастрофи во Македонија.„Поплавите во Македонија од 1994 година предизвикаа штета во вредност 77 пати поголема од сумата одделена од страна на владата во таа година“, се наведува во соопштението. СБ потсетува дека Македонија се наоѓа Медитеранскиот сеизмички појас и дека во Македонија се случиле три исклучително силни земјотреси во 1904, 1931 и 1963 година.Пристап до осигурување од катастрофи од новата иновативна програма поддржана од Светска банка ќе имаат сопственици на станови, фармери, приватни бизниси и владини агенции во југоисточна Европа и на Кавказот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.
Македонија
Пендаровски по повод Светскиот ден на слобода на медиумите: Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето
Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите.
„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.
Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.
Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање. На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите“, порача претседателот Пендаровски.