Македонија
Нови четворица заболени од сида- еден починат
Четири новорегистрирани случаи на лица заболени од сида има годинава, од кои едно лице починало, а осум лица се заразени со ХИВ вирусот, информираше д-р. Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.Во моментов во Македонија вкупно 66 лица се заразени со ХИВ и се заболени од сида.Скопје со 16 ХИВ позитивни и 33 заболени од сида и Тетово со двајца ХИВ позитивни и 19 заболени од СИДА се градовите каде ситуацијата е најалармантна во последните две години, а статистичките податоци покажуваат дека во 90 отсто од градовите има регистрирани случаи.Во последните десет години 66 лица починале како последица на заболување од сида.„Македонија по ништо не заостанува во светските стандарди, односно од она што е веќе регистрирано во светот поврзано со возрасните групи од заразените од ХИВ и болните од сида“, рече Караџовски.Тој додаде дека кај нас, во последните три години доминантен начин за пренесување на оваа засега неизлечива болест, е и сексуалното општење меѓу мажи (МСМ) .Организирано е и теренско возило кое има лабораторија и кое овозможува тестирање, како во Скопје, така и во градовите низ Македонија, со кое годишно се прават околу 1.400 тестови.Во полза на превентива и понатамошно справување со оваа болест, работат 14 советувалишта.Во Светски рамки податоците од 2009 година велат дека во светот вкупно 33,4 милиони луѓе живеат со ХИВ од кои дури 2,5 милиони се деца.Како најкритични земји Караџовски ги посочи Русија, Украина и Екваторијална Африка./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

