Контакт

Македонија

СДСМ: Јавното обвинителство да ги испита тврдењата на Рамковски

Објавено пред

Опозициската СДСМ денеска го повика Јавното обвинителство да отвори соодветна постапка и врз основа на принципот на “допрен глас“ да ги испита јавно изречените тврдења од страна на Велија Рамковски.

„Јавното обвинителство после сериозните тврдења на Рамковски треба да утврди за какви услуги на А1 телевизија Груевски потрошил четири милиони евра. Дотолку повеќе, што сомневањата ги зголемува и наодот на Државниот Ревизор кој констатираше, дека само од сметката на Владата, каде одговорно лице е Никола Груевски, во 2007 и 2008 година биле потрошени огромни 18 милиони евра народни пари на рекламни кампањи“, рече на денешната прес-конференција Ана Павловска-Данева, претседавач на Централен Одбор на СДСМ.

Таа упати критики  до претседателот на Антикорупциската комисија Илми Селами зошто уште не покренал иницијатива.

„Како е можно за Антикорупциската комисија да не е доволна причина да покрене соодветна иницијатива, тврдењето на сопственикот на А1 телевизија дека премиерот Груевски со четири милиони евра народни пари освен владини, плаќал и партиски реклами на ВМРО ДПМНЕ“, рече Данева.

Според неа, ова е огромна афера без преседан и оти после изјавите на сопственикот на А1 телевизија премиерот Груевски не може да ги крие податоците./крај/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Општина Центар усвои Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието

Објавено пред

Советот на Општина Центар на последната, 59-та седница покрај останатите точки, ја усвои и Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество на Општина Центар.

Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество е изработена во рамки на националниот проект за Меѓуетничка интеграција на млади во образованието, кој е поддржан од Министерството за образование и наука, финансиран од USAID, а го реализира Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО).

Во првата фаза (во 2019 година), овој проект беше спроведен во вкупно 15 општини, а во 2020 година Општина Центар влезе во втората фаза, односно во следните 15 општини кои треба да ја изработат општинската Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието во траење од 5 години. Унапредувањето на мултикултурализмот и интеркултурализмот, меѓуетничката интеграција и сузбивањето на стереотипите и предрасудите се планираат во годишните програми за работа на училиштата.

Стратегијата содржи конкретни задачи, мерки и проекти кои Одделението за образование на Општина Центар ги концепираше во соработка со училиштата, експерти од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и менторска поддршка, посети и дискусии со претставници на Град Скопје.

Комисијата имаше задача да изработи Стратегија на Општина Центар за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество, како и Акциски план на Стратегијата, врз кој ќе се темелат акциските планови на основните училишта во општината. Истовремено, Комисијата ќе работи на обезбедување финансиска и логистичка поддршка, учество во реализацијата и следење на МИО активностите и младинските иницијативи во училиштата, информирање на јавноста, изработка на Годишни извештаи од имплементацијата на планот за мерење на постигнувањата во областа на интегрираното образование на подрачјето на општината и доставување на збирни извештаи до градоначалникот и Советот на Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, предложи Нацрт – Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество да биде разгледана и во целост усвоена. Откако советниците ја изгласаа, Одлуката ќе биде објавена во Службен весник на РСМ, истата ќе стапи на сила и ќе започне со реализација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Новата концепција за основно образование е влез во нова ера на развој

Објавено пред

Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари годинава го одбележуваме во време на пандемија којашто ни наметна целосно нови услови за одвивање на образовниот процес, но и предизвици во изнаоѓање на решенија за непречена настава и квалитетно образование и во овие исклучително сложени услови. И покрај пандемијата Министерството за образование и наука продолжува силно да вложува во образованието и во подготвувањето на целосна нова реформа која ќе гарантира подобро и поквалитетно образование за нашите деца. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќање по повод денешниот Меѓународен ден на образованието.

„ Остануваме посветени и вложуваме во подобри услови и во нови образовни програми, со кои ќе ги поттикнеме најмладите критички да размислуваат и да фатат чекор со нивните врсници од најразвиените земји. Силно верувам дека новата концепција за основно образование е влез во нова ера на развој, раст и унапредување на идните генерации и влог во иднината на земјата. Правото на образование е основно човеково право, а квалитетното образование е основа за развој и просперитет на секое дете и на општеството во целина“, вели Царовска.

Министерката Царовска потенцира дека и во време на пандемија е овозможено образовниот процес да тече непречена настава со комбинираниот модел: настава со физичко присуство, онлајн и со емитување часови на телевизија што не беше ни малку лесно. За сето ова да успее најголем придонес имаат учениците, наставниците и родителите.

„ Децата, нашите ученици се и нашите херои во ова време, херои кои ни покажаа на сите нас дека може да се постигнат резултати и при учењето на далечина, ни одржаа лекција за прилагодување и прифаќање на променетите услови, за учење и просперитет и во вонредни околности“, вели Царовска.

Според податоците на УНЕСКО од кризата со Ковид-19 и затворањето на училиштата, универзитетите и другите образовни институции, како и прекинот на многу програми за доживотно учење и описменување, влијаеше врз животите на над 1,6 милијарди ученици во повеќе од 190 земји во светот. Во сите овие земји вклучувајќи ја и нашата, образованието е во фокусот на обновата од влијанието на кризата како клучен фактор за трансформацијата кон поинклузивно, побезбедно и одржливо општество.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со врнежи од дожд и снег

Објавено пред

Времето претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер. На планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје во утринските часови со појава на магла, во текот на денот прoменливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 минути

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет51 минута

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион1 час

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет2 часа

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион2 часа

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет3 часа

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Регион16 часа

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Топ17 часа

Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на...

Свет18 часа

Скандал во Шпанија: Се вакцинирале војници и политичари, а не и приоритетните групи

Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор...

Топ19 часа

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж. Според информациите...

Свет20 часа

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија22 часа

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет23 часа

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Топ1 ден

Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во...

Топ1 ден

Пронајдено оружје и муниција во куќа во Скопје

Полицијата пронајде оружје во куќа во Скопје, а сопственикот е приведен. Според информациите на МВР, вчера бил приведен З.Д(49) од...

Македонија1 ден

Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Свет1 ден

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда кои беа на инаугурацијата заболени со Ковид-19

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се позитивни...

Економија1 ден

РКЕ предлага проширување на листата на граѓани кои ќе добиваат финансиска помош за сметките за струја

Стартува дефинирањето на принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи со цел да се...

Регион1 ден

Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина...

Свет2 дена

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Досие