Свет
Њујорк: Не, за џамија на „Нултата точка“

Најавата за можната изградба на џамија во близина на „Нултата точка“, местото кое остана празно по уривањето на двете згади – близначки во кои загинаа повеќе од 3.000 лица, ги налути њујорчани
Претставници на исламската верска заедница налавиле изградба на голем исламски центар, кој би требало да зафати голем простор од авенијата Менхетен, каде би требало да има и спортски центар, театар, центар за грижа за стари и изнемоштени, а целта е да „се промени на подобро перцепцијата на Американците кон муслиманите“, која е драстично намалена по 11.септември 2001 година. Центарот, според осмислувачите на проектот, треба да им покаже на жителите на Њујоркдека муслиманите се рамноправен дел од заедницата, а не енгов издвоен и изолиран дел.
Но, граѓаните на Њујорк го доживуваат новиот исламски центар како „плукање во лице“ на 3.000 жртви при нападот во 2001 година. Некои од жителите на веб-страницата www.nomosquesatgroundzero.wordpress.com напишале дека со изградбата на тој центар „продолжува насилството“, но и дека тој објект ќе „фрли грда сенка на Нултата точка. Некои одат понатаму па велат дека то би било иско како „ да се изгради германски културен центар во близина на логорот во Аушвиц“.
Ваквата реакција на жителите на Њујорк не е чудна затоа што се знае дека тие за нападите на Светскиот трговски центар го обвинуваат целиот ислам, а не само поединци од Ал Каеда или други терористички организации кои се претпоставува дека стојат зад нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.