Свет
Првата група кубански затвореници пристигна во Шпанија
Првата група од шестмина политички затвореници, кои кубанските власти ги ослободија, денеска допатува во Шпанија, а се очекува да им се придружи уште еден ослободен политички затвореник, јави агенцијата франс прес
Првата група од шестмина политички затвореници, кои кубанските власти ги ослободија, денеска допатува во Шпанија, а се очекува да им се придружи уште еден ослободен политички затвореник, јави агенцијата франс прес.
Во Мадрид денеска допатуваа Лестер Гонзалес, Омар, Руиз, Антонио Виљареал, Сезар Галвез, Хозе Луис Гарсиа Панеке и Пабло Пачеко, а се очекува и Рикардо Гонзалес Алфонсо.
Седуммината ослободени кои се на возраст од 33 до 65 години, имаат здравствени проблеми, а беа осудени на затворски казни од 15 до 24 години.
Кубанските власти минатата недела по разговорите со шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос, најавија ослободување на 52 политички затвореници, кои Шпанија е подготвена да ги прифати. Тие се дел од групата од 75 политички затвореници, кои беа затворени во 2003 година и осудени на затворски казни од 6 до 28 години.
Според извори на Католичката црква на Куба, властите во Хавана наскоро треба да ослободат уште 13 опозициски активисти и дисиденти. Засега не е познато дали ќе смеат да останат на Куба или ќе бидат протерани. Азил на политички затвореници, покрај Шпанија им понудија и САД и Чиле./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
13-та жртва на масакрот во Цетиње: во болница во Подгорица денеска почина еден од ранетите на 1 јануари
Дејан Кокотовиќ почина денеска во Клиничкиот центар во Подгорица од тешките повреди со кои се здоби на 1 јануари при пукање во кафулето Велестово во центарот на Цетиње, пишува црногорски „Вијести“. Ова е 13-та жртва на нападот на Ацо Мартиновиќ.
Во нападот Кокотовиќ бил ранет во пределот на стомакот, градниот кош и главата. Истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар. Тој изминатава недела се бореше за живот, но на крајот напорите на лекарите се покажаа залудни.
Убиецот Ацо Мартиновиќ починал при транспорт во Клиничкиот центар на Црна Гора откако си пукал во глава.
Свет
Канадскиот министер за енергија го предупреди Трамп на трговска војна за нафтата
Канадскиот министер за енергија Џонатан Вилкинсон денеска ги отфрли тврдењата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека на САД не им треба ништо од Канада и предупреди на потенцијални одмазднички трговски мерки од Отава, вклучително и извозни даноци на нафта.
Одговарајќи на изјавите на Трамп дека постои можност за зголемување на царините до 25 отсто, Вилкинсон рече дека САД немаат лесно достапна алтернатива за канадската сурова нафта, ураниум, поташа и други критични минерали, пишува „Блумберг“.
„Поголемиот дел од суровата нафта произведена во САД е лесно слатко масло. Рафинериите во средниот запад (САД) се формирани за тешка сурова нафта и немаат алтернатива за користење на канадските ресурси – тоа не е економично. Дури и алтернативата што постои за некои од заливските рафинерии за тешка нафта е Венецуела“, заклучи Вилкинсон, еден од кандидатите да го замени премиерот во заминување, Џастин Трудо.
Свет
Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути
Забрзано видео од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего ја покажува брзината на првичното ширење на пожарот што беснее во Лос Анџелес.
Според Би-би-си, видеото е создадено за 90 минути ноќта меѓу 7 и 8 јануари, неколку часа по пријавувањето на пожарот, и го покажува неговото брзо ширење низ Пацифик Палисадес, една од луксузните населби во Лос Анџелес.
Медиумите објавија уште неколку слични видеа: