Македонија
Координациска средба кај Вељаноски
NULL
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски координациска средба која требаше да се одржи во петокот ја закажа за денеска бидејќи координаторите и потпретседателот на парламентот од опозицијата во петокот не се појавија. „Констатиравме заедно со моите колеги кои што присуствуваа на средбата дека сите заедно треба да ги разрешиме проблемите овде во Собранието и добро е да ги разрешиме институционално. Ние за таа цел оваа координација ја одложивме за понеделник, по третпат и мислам дека тогаш и треба да дојдат нашите колеги од опозицијата и мислам дека тогаш ќе продолжиме со работа по трите точки кои што се многу значајни за изборите во Македонија“, изјави Вељаноски.Тој додаде дека доколку опозицијата не се појави на средбата ќе бидат приморани координаторите од парламентарното мнозинство да разговараат за прашањата кои што ги наметна опозицијата.На прес-конференцијата која вчера СДСМ ја одржа за новинарите соопштија дека се залудни потезите на претседателот на Собранието.„Јас не знам по кој пат веќе кажуваме дека залудни се таквите ПР потези на Вељановски за враќање на опозицијата на координација, кога нема елементарни услови за што да се координираме. Ние треба да седнеме и да разговараме за овие услови и предуслови што СДСМ ги постави. Се друго е во функција на замајување на јавноста и медиумско поентирање. Ништо повеќе“, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ. /крај/бд/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

