Свет
Талибаните водат тајни преговори со авганистанската влада

Претставници на талибаните и на владата авганистанскиот претседател Хамид Карзаи започнале тајни преговори за ставање на крај на војната во Авганистан, известува денеска весникот „Вашингтон пост“, пренесува Ројтерс
Претставници на талибаните и на владата на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи започнале тајни преговори за ставање на крај на војната во Авганистан, известува денеска весникот „Вашингтон пост“, пренесува РојтерсАнонимните извори од авганистанските Арапи, кои ги цитира весникот, велат дека веруваат оти талибанските претставници биле овластени да зборуваат во името на „Кета Шура“, организација на авганистанските талибани со седиште во Пакистан и во име на нејзиниот лидер, Мохамед Омар. „Кета Шура“ е сочинета од остатоците на талибанската влада, која владееше со земјата до 2001 година. Изворите на весникот потенцираат дека преговорите се се уште во прелиминарна фаза и се продолжение на минатогодишните преговори под покровителство на Саудиска Арабија, кои завршија без да се дојде до решение. Портпаролот на Карзаи, Вахид Омер, ниту ја потврди, ниту, пак, ја негираше оваа информација. Авганистан е без прекин зафатен со војни и внатрешни судири веќе неколку децении, а САД во 2001 година извршија инвазија врз земјата за да ги срушат талибаните, кои тогаш владее со земјата, заради нивната поддршка на Ал Каеда при нападите од 11 септември 2001 година. Борбите се развлекоа девет години. „Вашингтон пост“ известува дека во преговорите не се вклучени претставници на групата „Хакани“, која беше цел на засилените американски напади со безпилотни летала изминатиот месец во северозападен Пакистан. Весникот потсетува дека САД дури од неодамна почнале да ги поддржуваат ваквите средби и преговори. Вчера портпаролот на Пентагон изјави дека вртење на талибаните кон помирување за сега е невозможно. И талибаните јавно инсистираат дека какви и да било мировни преговори се невозможни додека странските сили не ја напуштат земјата. Но, „Вашингтон пост“ тврди дека „Кета Шура“ почнала да размислува за еден широк договор, кој би вклучувал учество на одредени талибански лидери во авганистанската влада и повлекување на странските сили во однапред одреден рок. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Дали знаете зошто папите не ги користат своите вистински имиња за време на службите

Американскиот кардинал Роберт Франсис Превост е избран за 69-ти поглавар на Католичката црква. Тој го избрал Лав XIV како свое папско име.
Но, дали всушност знаете зошто папите ги менуваат своите имиња кога се избрани? Станува збор за – традиција што трае веќе 470 години.
Иако не е задолжително да ги менуваат своите имиња, новоизбраните папи во повеќето случаи го земаат името на својот предок, изразувајќи ја со тоа својата желба да го следат нивниот пример. Овој преседан го постави првиот папа. Свети Петар чие родено име беше Симон. Новото име може да означува и „ново раѓање“ на почетокот на папството.
Со изборот на името Лав, новиот папа им се придружи на 13-те претходници кои го носеа истото име. Меѓу нив е и Лав XIII, познат по својот реформистички дух и неговата енциклика Rerum novarum од 1891 година, во која се нагласуваше човечкото достоинство и достоинството на работата. Свештеникот Кристофер Робинсон од Универзитетот ДеПол истакна дека ова е основата на современото социјално учење на Црквата. „Со изборот на името Лав XIV, тој ја покажува својата посветеност на општественото учење на Црквата кое го зацврстил Лав XIII“, рече свештеникот и експерт за Ватикан Томас Рис.
Папската историја изобилува со примери за такви симболични избори. На пример, папата Франциско, роден како Хорхе Марио Берголјо, го избрал своето име по Свети Франциск Асишки, „човек на сиромаштија, мир и љубов кон творението“, велејќи дека сонува за Црква „која е сиромашна и за сиромашните“.
Последниот папа со името Лав бил Лав XIII, чие вистинско име било Џоакино Винченцо Рафаеле Луиџи Печи.
Свет
Мексико го тужи Гугл за промена на името на Заливот во Американски Залив

Мексико го тужи интернет гигантот Гугл поради промената од Мексиканскиот Залив во Американскиот Залив на неговата услуга „Мапи“, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.
Претседателката го објави ова за време на нејзината дневна прес-конференција, но не сподели многу детали за тужбата. Гугл сè уште не го коментираше случајот.
Во февруари, Гугл го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски за американските корисници на својата услуга „Мапс“ откако американската влада еднострано го преименуваше водно тело. Корисниците надвор од САД ќе ги видат обете имиња.
Европа
Илјадници протестираа во Словачка. „Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва.
Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.
Најголемиот протест се одржа во Братислава. „9 мај е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва. „Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.
Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека неговото патување е за да им оддаде почит на оние што загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.