Контакт

Економија

Векна леб поскапа за пет денари во Велес

Објавено пред

Се зголеми цената на лебот во Велес, од викендов векна леб на Жито Вардар се продава по 25 денари, додека лебот произведен во приватните пекари се продава за 22 и 23 денар, информира порталот „Лисица“ од Велес.

dobivaj vesti na viber

Се зголеми цената на лебот во Велес, од викендов векна леб на Жито Вардар се продава по 25 денари, додека лебот произведен во приватните пекари се продава за 22 и 23 денар, информира порталот „Лисица“ од Велес.

Зголемувањето на цената според пекарите се должи на повисоката откупна цена на пченицата, која од 10 денари, минатата година, скокна на 14 денари за килограм. Новата цена на лебот производителите ја оправдуваат и со зголемената цена на горивото.

Како што пишува порталот, од најголемиот производител на леб во велешко, Жито Вардар, не успеале да добијат објаснување за покачувањето на цената на лебот.

„Всушност сегашната цена на лебот е онаа истата што беше пред три месеци, кога работевме со пченица која беше откупена минатата година по десет денари за килограм. Големо влијание врз цената на лебот има и нелојалната конкуренција кај пекарите. Дневно во Македонија се произведуваат по еден милион леба, од нив само 400 илјади се пријавени,каде се другите“, рече Благој Стојчев, претседател на Здружение на млинари на Македонија.

Новата цена на лебот доаѓа само еден ден откако измина владината одлука за забрана за увоз на пченица. Сега мелничарите можат да увезат пченица или брашно по двојно пониски цени од оние кои земјоделците ги бараат во Македонија. Затоа и изненадувачка е одлуката за зголемување на цената на лебот.

Зголемената цена на нафтените деривати ја зголемува и цената на крајниот производ, но тоа според земјоделците никако не е 5 денари по векна леб.

Во Велес, цената на лебот пред три месеци беше намалена од 25 на 20 денари. Помалите приватни пекари векна леб продаваа по 18 денари, додека Жито Вардар по 20 денари.

Цената на белите пецива е зголемена од два до три денари само кај некои приватните производители. /крај/лисица/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители

Објавено пред

Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители, посочуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

dobivaj vesti na viber

„Се што се вети, се исполнува. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година“, велат од министерството и додаваат:

„Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко. Грижата за земјоделците е приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“

Прикажи повеќе...

Економија

Среќата не се чека, почнуваат Lucky Days во Нептун!

Објавено пред

Ви треба клима уред, компјутер, правосмукалка? Истражувате…
Старите слушалки губат контакт… Истражувате…
Машината за алишта веќе не пере како порано… Истражувате…
Имате 1000 прашања и дилеми, не знаете кој уред е најдобар за вас, не сакате да згрешите во изборот, ниту да се покаете дека сте купиле нешто што не вреди за парите…

dobivaj vesti na viber

Толку многу информации на располагање, но се уште не може да донесете одлука?

Од 14.10.2024 почнуваат Lucky Days во Нептун, со огромни попусти, неверојатни заштеди и супер поволности за плаќање до дури 60 рати. Од ХХ.ХХ најголемиот бренд за производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење од над 15 врвни брендови ги отвора своите најдобри понуди и иновативни решенија за домот по извонредно ниски цени.

Lucky Days е периодот кога треба да зачекорите онаму каде што живее техниката, бидејќи никој никогаш до сега не ги победил најдобрите цени во овие „среќни денови“ што се реализираат само неколку пати во годината.

Дополнително, од почетокот на 2024 година, Нептун направи и огромни инвестиции во развој, реновирање и прилагодување на десетина продавници со цел да го подобри квалитетот и корисничкото искуство. Таа стратегија продолжува и во 2025, со цел Нептун секогаш да го понуди најдоброто на своите купувачи.

Затоа, облекувајте патиките за спринт и доаѓајте, бидејќи почнуваат Lucky Days во Нептун! Единствената и уникатна кампања на пазарот која е повеќе од само продажна атракција, затоа што освен најдобрите понуди, огромни попусти, намалување до 55%, можност за плаќање до 60 рати, ќе бидете пречекани и од врвен, способен, едуциран и искусен тим, што ќе ви понуди одлична навигација низ портфолиото на производи, ќе ви овозможи споредба на карактеристики, функционалност и демонстрација на посакуваниот уред.

Никој не прави поголем продажен спектакл од Нептун со своите Lucky Days! Ајде во НЕПТУН!

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ поскапуваат горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 отсто во однос на одлуката од 10 октомври годинава.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажните цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 ден/кг и сега ќе изнесува 44,507 ден/кг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

По укинувањето на балансерот, академици од сите универзитети ќе дебатираат за законот за правична застапеност, уверува Меџити

Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити...

Македонија2 часа

Адвокатот Туферџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома, таткото не сакал да верува во тоа па затоа кажал дека е киднапирана

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туферџиќ во изјава за медиумите оцени дека исказот на мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска...

Македонија3 часа

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата

Марјан Витановски, адвокатот на Љупчо Палевски во изјава за медиумите рече дека засега нема искази кои би упатувале на тоа...

Македонија4 часа

Majката на Вања сведочеше во судот: „Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на ‘Гугл’ првин не однесе во напуштена куќа“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања. Ѓорчевска изјави дека во моментот кога сфатиле...

Македонија7 часа

ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно...

Македонија8 часа

Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина, велат од СДСМ

„Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба...

Свет9 часа

Нуклеарната вежба на НАТО започнува денеска: „јасен сигнал до Москва дека алијансата е подготвена да се брани“

Денеска НАТО ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествуваат околу 2.000 воен персонал од осум воздушни бази...

Свет9 часа

(Видео) Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, 4 војници загинаа, 60 се ранети

Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот...

Свет10 часа

Хуманитарна пауза: Во Газа започнува вториот круг на вакцинација против детска парализа

Денеска во Појасот Газа треба да започне вторниот круг вакцинација против детска парализа, чија цел е околу 590.000 деца под...

Македонија18 часа

Радев: Преговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија завршија пред две години

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол по Договорот...

Македонија18 часа

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово...

Македонија20 часа

Огромни гужви на грчко-македонската граница: „Се чека и до три часа“, се жалат граѓани

Колони возила има попладнево на граничниот премин Еврзони од грчка страна, додека голем број македонски граѓани се враќаат од продолжениот...

Топ24 часа

Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река

Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во...

Македонија1 ден

Замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања, вели вицепремиерот Фетаи

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска...

Топ1 ден

Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“...

Македонија1 ден

СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта

Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта. Од партијата денеска велат дека скандалот...

Македонија1 ден

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв...

Европа1 ден

Русија ја нападна Украина со 68 дронови

Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија. „Две балистички ракети Искандер-М ги погодија...

Регион1 ден

Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во...

Македонија2 дена

В понеделник ќе продолжи судењето за убиството на Вања и Панче

Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во...