Свет
Нови апсења за корупција во полскиот фудбал
Полската полиција уапси елитен фудбалски судија, како и еден помошник судија, во рамки на истрагата за корупција во локалниот фудбал
Полската полиција уапси елитен фудбалски судија, како и еден помошник судија, во рамки на истрагата за корупција во локалниот фудбал.
Двајцата судии се приведени од полицијата во североисточниот град Сувалки.
Тие ќе бидат испрашани од Обвинителството во Вроцлав и најверојатно против нив ќе бидат подигнати обвиненија, соопшти портпсролот на антикорупцискиот оддел Темистоклес Бродовски.
Истрагата за корупција во полскиот фудбал започна во 2005 година.
Досега за местење на натпревари и резултати се обвинети 230 лица, меѓу кои има членови на полската федерација, тренери, судии и фудбалери.
Претходно годинава, судот во Врацлав изрече казни затвор од 4 до 17 години на 17 официјални лица и судии заради вмешаност во најголемиот скандал во полскиот фудбал. /крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

